ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Пријави проблем

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Службен гласник

Моја - општина

Beeconomy

С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2019 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:


                                                                           С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за архитектонско- урбанистички проект за формирање на градежни парцели на КП 1383, 1372, 1384, 3845, 3846, 3847, 3848, 3849 , 3850, 3852,3874 дел од 3853 КО Долни Дисан согласно Општ Акт за село Долни Дисан, Oпштина Неготино


Граници на опфатот сe: од северната страна граничи со катастарски парцели кои претставуваат градежно неизградено земјиште, додека од источната, западната и јужната страна граничи со улици кои се дефинирани со општиот акт за село Долни Дисан.
Пристап во парцелите е обезбеден од западната страна.
Опфатот е со површина  од  4,05 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за архитектонско- урбанистички проект за формирање на градежни парцели на КП 1383, 1372, 1384, 3845, 3846, 3847, 3848, 3849 , 3850, 3852,3874 дел од 3853 КО Долни Дисан согласно Општ Акт за село Долни Дисан, Oпштина Неготино, со технички број  04-191/2019 од  јули  2019 година , изработен од „ПАРАМЕТАР“  дооел, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  31.07.2019 година  до 07.08.2019 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на АУП ќе се одржи на ден 01.08.2019 година  во  14:00 часот во просториите на општина Неготино.