ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Пријави проблем

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Службен гласник

Моја - општина

Beeconomy

Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Неготино, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.08.2019 година се објавува:

                                                                  Ј  А  В  Е  Н     П О В И К
                                                                                  до
                                                евидентирани невработени лица за вклучување во
                                                      Програмата Општинско - корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Ангажирање на образовни и лични асистенти на деца со попреченост вклучени во редовна настава и асистенти на воспитувачи во групи за предучилишна возраст во рурални средини” за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделноза период од 9 (девет)месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.
За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.


Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

На кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање  во висина од 9.000,00 денари месечно , со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-долгорочно невработени лица(над 12 месеци во евиденција,со предност на невработени лица над 5 години)
-млади лица до 29 години
-лица постари од 50 години
-лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
-лица кои биле корисници на програмата условен паричен надоместок за средно образование
- лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
- жртви на семејно насилство
-лица со попреченост
-жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етнички заедници
- лица припадници на ромската етничка заедница
- самохрани родители
-родители на деца со пречки во развојот
-родители на 3 и повеќе деца

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
-Образовен асистент во ООУ”Гоце Делчев”- Лицето треба да е со високо образование(Филозофски факултет,Филолошки,Приридно – математички или Педагошки – одделенска настава),да е евидентирано во Центар за вработување Неготино и да припаѓа на некоја од целните групи)
-Личен асистент во ООУ “Страшо Пинџур”- Лицето треба да е со високо образование(Филозофски факултет,Филолошки,Природно – математички или Педагошки – одделенска настава,или со средно образование,да е евидентирано во Центар за вработување Неготино и да припаѓа на некоја од целните групи.
-Образовен асистент во СОУ “Св. Кирил и Методиј”- Лицето треба да е со високо образование(Филозофски факултет,Филолошки,Приридно – математички или Педагошки – одделенска настава),да е евидентирано во Центар за вработување Неготино и да припаѓа на некоја од целните групи)


Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино во периодот од 05.08.2019година до 16.08.2019 година, од 08:00 до 16:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Неготино и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Неготино кај лицето Кртева Слободанка, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино кај лицето Весна Манева,  Центар за социјлна работа Неготино кај лицето Љубинка Давидова.