Во четврток (19.09) на плоштадот во Неготино ќе се готви храна на соларна енергија PDF Печати

  Во рамките на спроведувањето на проектот Енпол-ЕЕ за потребите на СОУ„Св. Кирил и Методиј“, во четврток на градскиот плоштад во Неготино во организација на Здружението на граѓани „Ековита“ ќе биде организиран еднодневен натпревар за готвење на соларна енергија. Целта на одржувањето на настанот е сите заинтересирани присутни на лице место самите да можат да се уверат дека готвењето на храна може да биде и корисно и забавно доколку се користат обновливи извори на енергија. Како што информираат организаторите, во натпреварот учество ќе земат ученици 4 класа од неготинското средно училиште. Настанот ќе започне во четврток од 11 и ќе трае до 14 часот, а во тој период најнапред во 11 часот ќе биде неговото отворање и претставување на групите, по што во наредните 2 часа ќе се подготвуваат рецепти, а во исто време на плоштадот со свои производи ќе се претстават локални компании кои работат на опрема за искористување на сончевата енергија. Пред самиот крај на настанот ќе биде доделена пригодна награда за најдобриот рецепт за учениците од СОУ„Св. Кирил и Методиј“