ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Пријави проблем

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Службен гласник

Моја - општина

Beeconomy

Апел до моторизираните граѓани од општина Неготино во пресрет на панаѓурот PDF Печати
   Во пресрет на одржувањето на тридневната манифестација „Неготински панаѓур-2019г.“ најголема и најпосетена во Република Македонија и со традиција подолга од 6 децении, како и другите настани како „Неготинска вечер“ и „Манастирска вечер“, од локалната самоуправа Неготино се апелира до граѓаните на општината доколку тоа не е неопходно, во деновите од панаѓурот да не излегуваат со своите возила. Ова од причина што годинава панаѓурот се одржува во деновите од викендот и во понеделник, при што се очекува масовна посетеност на граѓани од други општини од нашата држава, па со цел да бидеме добри домаќини на овој настан, потребно е да ослободиме простор за паркирање на возилата на посетителите што ќе доаѓаат од страна. Токму затоа се замолуваат граѓаните во деновите кога се одржува Неготинскиот панаѓур ( 21,22 и 23-сабота, недела и понеделник )да се воздржат од излегување со автомобили. Исто така, се информираат граѓаните, од утревечер (четврток 19.09) па се до завршувањето на панаѓурот во понеделник, да не ги паркираат своите возила долж улиците Јане Сандански, Ацо Аџи Илов и на градскиот пазар, односно во централното градско подрачје. Имајќи предвид дека деновите од панаѓурот се денови за другарување, забава и релаксација, се апелира до граѓаните на Неготино уште еднаш, како и многупати до сега, на дело да ја демонстрираат својата гостопримливост и да дадат сопствен придонес општина Неготино да биде добар домаќин и добар организатор на годинашниот Неготински панаѓур. Од име на локалната самоуправа, на сите граѓани од неготинска и од соседните општини, како и на сите посетители кои ќе присуствуваат во нашиот град, им посакуваме да поминат пријатни моменти за времетраењето на Неготинскиот панаѓур.