ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Пријави проблем

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Службен гласник

Моја - општина

Beeconomy

С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2019 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:


                                                    С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за архитектонско- урбанистички проект за формирање на посебни градежни парцели на ГП 1 (КП бр.2469/3 и 2469/7) КО Неготино, општина Неготино


Граници на опфатот сe: на запад граничи со локален пат Неготино - Курија, од север и југозапад со постоечки земјан пат за пристап до околните земјоделски површини, од севоразападната страна граничи со земјоделско обработливо земјиште.
Опфатот е со површина  од  4 534 м2.
Јавната анкета и јавната презентација за архитектонско- урбанистички проект за формирање на посебни градежни парцели на ГП 1 (КП бр.2469/3 и 2469/7) КО Неготино, општина Неготино,  со технички број  04-344/2019 од  август  2019 година, изработен од „ПАРАМЕТАР“  дооел Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  25.09.2019 година  до 01.10.2019 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на АУП ќе се одржи на ден 01.10.2019 година  во  14:00 часот во просториите на општина Неготино.