ПОКАНА Втор Инфо Ден на тема:„Важноста на енергетската ефикасност во заштита на животната средина” Општина Неготино, 30.10.2019 г. (Среда) PDF Печати
Почитувани,
Во рамките на проектот „ENPOL – EE”, од програмата за прекугранична соработка „Interreg – IPA CBC CCI 2014 TC 16 15CB 009”, во периодот од 2014 – 2020 година, Општина Неготинo го организира Вториот Инфо Ден кој ја обработува темата „Важноста на енергетската ефикасност во заштита на животната средина”.
Проектната задача одговара на едно основно прашање, а тоа е: Како можат локалните власти да придонесат за примена на енергетската политика во нивните територии, во една заедничка рамка на акции и истовремено да придонесат за подигање на свеста на локалното население во врска со мерки на енергетска ефикасност?
Инфо денот е само дел од многубројните активности кои ќе се одржат како дел од овој проект. Со таа цел Ве покануваме да присуствувате на Вториот Инфо Ден на тема „Важноста енергетската ефикасност во заштита на животната средина”, кој ќе се одржи на 30.10.2019 (Среда) во Општина Неготино, со почеток од 09:45 часот.
Проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина” со акроним„ENPOL – EE”, се реализира во партнерска соработка на Oпштина Неготино,Средно општинското училиште „Св.Кирил и Методиј” - Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција .
Во прилог на поканата можете да ја погледнете и агендата.