„КИМ“-Неготино донираше сопствени производи во вредност од 6.000 денари PDF Печати

   И компанијата „КИМ“ од Неготино со донација се вклучи во масовната акција за доделување помош за полесно справување со корона вирусот. Имено, оваа неготинска компанија донираше производи од сопствената богата палета во вредност од 6.000 денари. Општина Неготино упатува јавна благодарност за донацијата и информира дека производите ќе бидат распределени онаму каде што ќе се оцени дека е најпотребно.