Трет координативен состанок за доследно почитување на мерките за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот во општина Неготино PDF Печати
Денес во општина Неготино градоначалникот Тони Делков заедно со претставници на ОВР Неготино, претставници од Советот на општина Неготино, претставници од општинската администрација и ЈП „ Комуналец “ Неготино одржа трет координативен состанок за преземање на активности во општина Неготино за заштита од Корона вирусот во периодот што следи.
Во рамки на препораките од Министерството за здравство и мерките од Владата за заштита и превенција од корона вирусот се донесоа следните заклучоци:
•    Градскиот пазар во Неготино ќе остане затворен се додека траат мерките и препораките од страна на Министерството за здравство и Владата, а се во насока на заштита на населението и спречување на ширењето на КОВИД 19;
•    ЈП „ Комуналец“ Неготино два пати во неделата ќе врши дезинфекција на сите улици во град Неготино но и населените места;
•    ЈП „ Комуналец “ Неготино редовно врши и ќе врши дотур на дезинфициенси на двата пункта за дезинфекција на возилата кои се поставени на влезот и излезот на градот ;
•    Детските паркови, игралишта, Спомен костурницата во градот се затвораат за користење за сите посетители;
•    Обезбедените заштитни маски утре ќе се делат на граѓаните од општината на градскиот плоштад во Неготино;
•    Се продолжува со распределувањето на обезбедените донации                   ( пакети ) од страна на општествено одговорни фирми и поединци од општината за ранливите категории на граѓани од населените места но и градот;
•    ОВР Неготино континуирано ќе продолжи да врши контрола на сите лица кои се во задолжителна самоизолација како и домашна самоизолација ;
•    ОВР Неготино ќе врши почеста обиколка на градот и населените места во општината и воедно упатуваат апел до сите граѓани дека сите отстапувања од препораките ќе се сметаат за непочитување односно граѓаните ќе бидат соодветно санкционирани;
•    Општина Неготино ќе им стои на располагање на сите фирми , маркети, станбени згради од општината кои ќе сакаат да им се направи дезинфекција;
ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ. ОД НАС ЗАВИСИ !