Фирмата „Хем-алијанс“ донираше гелови за заштита и освежителни пијалоци PDF Печати

   Во пресрет на започнувањето на 61-часовниот полициски час, денеска и фирмата „Хем-алијанс“ од нашиот град реализираше донација која ќе биде распределена онаму каде што истата ќе се оцени дека е најпотребна. Имено, оваа фирма донираше 200 броја освежителни пијалоци во лименки, 200 броја вода и 10 гелови за заштита, за што општина Неготино упатува јавна благодарност. Оваа донација ќе биде наменета за полициските дежурни службеници од ОВР Неготино кои во наредните речиси 3 денови ќе се грижат за безбедноста на населението и почитувањето на полицискиот час,  во период до понеделник до 05,00 часот наутро до кога и ќе трае забраната за движење.