Одржан редовен координативен состанок на Кризниот штаб на општина Неготино PDF Печати
   Кризниот штаб на општина Неготино денеска одржа редовен состанок на кој беа дискутирани но и донесени заклучоци, а кои се однесуваат на мерките и препораките за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот во општина Неготино.
Имено, според информациите добиени од страна на ОВР Неготино за време на забраната за движење односно полицискиот час , утврдени се прекршувања односно дозволите за движење за време на полицискиот час кои одредени правни и физички лица ги имаа извадено биле злоупотребувани.
Согласно овие информации се донесе заклучок според кој ОВР Неготино ќе ги зголеми своите контроли и воедно ги повикува сите правни и физички лица кои имаат дозволи за движење за време додека трае забраната, истите да ја почитуваат релацијата на движење од  дома до своите работни места или земјоделски земјишта. Во спротивно, сите злоупотреби ќе бидат санкционирани од страна на ОВР Неготино.
Општина Неготино и во периодот што следи ќе продолжи со редовната дезинфекција на градот и населените места.