Продолжуваат градежните активности за изведба на главен колектор за отпадни води за поврзување на село Тимјаник со канализациониот систем во Неготино во должина од околу 2000м PDF Печати
   Вредноста на договорот изнесува 207.967евра.

Изградбата на овој колектор е во рамките на проектот „ Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина со акроним wa-mbrella “ и истиот е финансиран со средства обезбедени од првиот повик од INTERREG програмата за прекугранична соработка на Грција - Република Северна Македонија 2014-2020, во кој
Општина Неготино е проектен корисник 2 , додека
ЈП „Комуналец“ Неготино е проектен корисник 4.

Согласно договорот работите би требало да завршат до крајот на месец јули годинава, но поради ситуација со Коронавирусот и ограничениот режим на работа и движење можни се евентуални потреби за продолжување на роковите утврдени со договорот.

#ЧекорПоЧекор
#Неготино