Во тек се градежни активности за реконструкција на старата училишна зграда во с. Вешје PDF Печати
   Отпочнати се градежни активности за комплетна  реконструкција и адаптација на старата училишна зграда и партерно уредување на дворот во село Вешје. Планирано е објектот да прерасне во современ едукативен и туристички т.н. АПИ центар за развој на пчеларството.  Со ова ќе се збогати туристичката понуда на општина Неготино преку едукативни АПИ и рекреативни активности и ќе се овозможи промоција на локалните производи.
Реконструкцијата е во рамки на проектот за локална и регионална конкурентност ( ПЛРК ) – пот проект Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината.