Во тек се активности во рамки на ПЛРК под проект „ Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината “ PDF Печати
Во рамки на проектот ПЛРК под проект „ Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината “ во тек се активности  за разубавување и овозможување поголема функционалност на делови од градот, нови туристички атракции како и поставување автентични обележја.
Имено на градскиот плоштад во тек е изградба на летниковец со лозов насад и други автентични обележја, поставување на монтажни куќички за продажба на локални производи, а се врши и уредување на подрумскиот дел од ТИЦ „ Желкова куќа “ во т.н. винска архива.
Под проектот е финансиран од ЕУ и администриран преку Светска Банка.