ПОКАНА PDF Печати

Почитувани,
    Во рамките на проектот „ENPOL – EE”, од програмата за прекугранична соработка „Interreg – IPA CBC Грција-Р.Северна Македонија”,во периодот од 2014 – 2020 година,,
 Општина Неготинo организира настан за доделување на награди “Награди за најдобри енергетски практики”.
Сите домаќинства и компании кои земаа учество со пополнување на прашалникот, ќе добијат зимзелени садници и благодарница за учество на отворениот повик “Награди за најдобри енергетски практики”.
Оваа активност е една од многубројните активности кои се организираат во рамки на проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина” со акроним „ENPOL – EE”, се реализира во партнерска соработка на Oпштина Неготино, Средно општинското училиште „Св.Кирил и Методиј” - Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција .
Наградите може да се подигнат на 17.11.2020 (вторник) во период од 09 до 11 часот пред општинската зграда.
На сите учесници во настанот ќе им бидат поделени зимзелени садници и пакување со закуска и кафе.
Сите оние кои сакаат да се приклучат на отворениот повик, може да го пополнат прашалникот во прилог и да го достават на ел.адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите не подоцна од 15.11.2020.

Прашалник за домаќинства

Прашалник за  компании

Покана за најдобри енергетски практики