ПОКАНА PDF Печати

Почитувани,
    Во рамките на проектот „ENPOL – EE”, од програмата за прекугранична соработка „Interreg – IPA CBC Грција-Р.Северна Македонија”,во периодот од 2014 – 2020 година,,
 Општина Неготинo организира промотивен настан за презентација на брошура на тема “Како да се користат локалните ресурси на обновлива енергија за подобрување на енергетската ефикасност”.
    Примерок од брошурата ќе може да се подигне на две локации во Општина Неготино на 17.11.2020 (вторник) во период од 10 до 13 часот.
* 1 локација - општинската зграда  на општина Неготино
* 2 локација – Центар за култура – Ацо Ѓорчев.
Промотивниот настан ќе се одржи на отворен простор.Секој учесник ке добие примерок од брошурата и пакување со закуска и кафе.
    Проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина” со акроним „ENPOL – EE”, се реализира во партнерска соработка на Oпштина Неготино,Средно општинското училиште „Св.Кирил и Методиј” - Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција .

Покана