Редовен координативен состанок на кризниот штаб на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Кризниот штаб на општина Неготино одржа редовен координативен состанок на кој беа дискутирани но и донесени заклучоци и препораки кои се однесуваат на мерките и препораките за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот во општина Неготино.
Согласно донесените одлуки од страна на Владата на Република Северна Македонија,  Кризниот штаб во координација со ОВР Неготино и ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино ги разгледаа состојбите на територијата на општина Неготино односно дискутираа за нивото на почитување на мерките.
 Согласно дискусиите беа донесени следниве заклучоци и препораки :
Се препорачува на такси компаниите од општината кои вршат јавен превоз до ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино на лица позитивни или лица сомнителни на Ковид 19 во своите возила да вршат задолжителна дезинфекција. Исто така се препорачува сите такси компании во своите возила да извршат монтажа на паравани со кои ќе се оддели возачот на такси возилото од патниците;
 ОВР Неготино ќе ги засили контролите и санкциите кон граѓаните кои ќе ги прекршуваат забраните за групирање на лица на јавен простор како и непочитување  на одлуката за носење на заштита маска на јавен простор;
 Се препорачува,  ЈП „ Комуналец “ Неготино да го намали бројот на тезги на градскиот пазар, односно да направи реогранизација на тезгите со поместување на растојание, односно да се редуцираат само за продажба на земјоделски производи;
 Се препорачува, ЈП „ Комуналец “ Неготино да продолжи со редовно миење на градскиот пазар и сите улици во градот, како и редовно вршење на дезинфекција на истите;
 Согласно добиените информации од надлежните, со зголемување на бројот на позитивни лица од Ковид 19, но и пациенти со симптоми, се намалува бројот на болнички капацитети за згрижување на истите.  Општина Неготино ја разгледува можноста за зголемување на капацитетите за згрижување на болните односно искористување на објект кој е под ингеренција на општината, а кој би се ставил во функција за згрижување на болни од Ковид 19 од општина Неготино;
  Се препорачува , граѓаните кои се во самоизолација или Ковид 19 позитивни, личниот отпад ( марамчиња за еднократна употреба, маски, ракавици) како и останатиот отпад од домаќинствата да го одлагаат безбедно во кеси за ѓубре за еднократна употреба и истите да ги спакуваат во втора вреќа за отпадоци и соодветно да ги фрлаат во контејнер за отпадоци;
 Општина Неготино ја разгледува можноста за ангажирање на десеттина лица од општината кои ќе бидат во служба на Општинскиот кризен штаб за справување со Корона пандемијата во градот;