Одржана презентација на брошура во рамки на проектот „ ЕНПОЛ – ЕЕ “ PDF Печати

   Во рамките на проектот „ENPOL – EE”, од програмата за прекугранична соработка „ Interreg – IPA CBC Грција-Р.Северна Македонија “ ,во периодот од 2014 – 2020 година “ вчера во општина Неготино беше одржан промотивен настан за презентација на брошура на тема „ Како да се користат локалните ресурси на обновлива енергија за подобрување на енергетската ефикасност “ .
Примерок од брошурата можеше да се подигне на две локации во Општина Неготино и тоа локација од општинската зграда  на општина Неготино и  локација Центар за култура –„ Ацо Ѓорчев “ . Промотивниот настан  се одржа на отворен простор, почитувајќи ги сите протоколи за заштита од Корона вирусот.
Инаку Проектот „ Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина “  со акроним „ ENPOL – EE “, се реализира во партнерска соработка на Oпштина Неготино,Средно општинското училиште „ Св.Кирил и Методиј “ - Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција .

Брошура

Brochure