There are no translations available.
Тони Делков 
Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков е роден на 29.03.1977 година во Неготино каде што го минува целиот животен и работен век. Оженет е со споругата Надица и родители се на два сина на возраст од 9 и 5 години. Уште од млада возраст Делков и е познат на неготинската јавност, најпрво како активен спортист во период од 15 години, што резултира со негов настап и за младинската репрезентација на Република Макеоднија. На 20-годишна возраст ја започнува својата работна кариера во фавриката за кабли „Неготино“ каде што благодарение на постигнатите резултати во работењето напредува скалило по скалило, по што е назначен за генерален менаџер на фабриката за просторите на поранешните Југословенски Републики. Од 2014-та година Делков започнува сопствен бизнис преку основањето на фирмата „Елко компани“ која стартува со работа со двајца, а во моментов има пет вработени и со исполнети финансиски обврски како кон вработените, така и кон надлежните државни институции. Член е на СДСМ од 1996 година и е активен во сите органи и тела на партијата, по што во 2 мандати е и секретар на ОО СДСМ Неготино. Благодарение на личниот интегритет и професионалниот кредибилитет номиниран е за кандидат за градоначалник, а на одржаните локални избори на 15-ти октомври Делков остварува убедлива победа и во првиот круг станува градоначалник на општина Неготино-функција која што ќе ја обавува во периодот 2017-2021 година.
НАДЛЕЖНОСТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ
- Ја претставува и застапува Општината; - Ја контролира законитоста на прописите на советот; - Ги објавува прописите на советот во службено гласило; - Го обезбедува извршувањето на работите на одлуките на советот; - Го обезбедува извршувањето на работите кои со закон се делегирани на општината; - Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот; - Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината; - Го извршува буџетот на општината; - Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс; - Редовно го известува советот за извршување на своите надлежности во согласност со статутот; - Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон; - Донесува правилник за систематизација на работни места во општинска администрација; - Раководи со општинска администрација; - Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон; - Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статут; - Врши други работи утврдени со закон и со статут; - Градоначалникот може да овласти раководен службеник на општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.
|