Седница на Совет на општина Неготино 16.05.2022 година PDF Печати

Врз основа на член 2 и член 42 од Законот за локална самоуправа ( „Сл.весник на РМ “ бр.5/02 ), член 76 од Статутот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 и 13/20) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува единаесеттата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 16.05.2022 година (понеделник) во 14:30 часот.
За седницата го предлагам следниот


Д Н Е В Е Н Р Е Д


1. Усвојување на записник од 4 вонредна седница на Совет на Општина Неготино
2. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2022 година
3. Предлог – Решение За давање согласност на измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2022 година на Општина Неготино
4. Предлог – Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2023 година на ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино
5. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-259/6 од 06.05.2022 на ЈП„ Комуналец “ Неготино за висина на цена за извршени активности според договори склучени со Општина Неготино
6. Предлог - Решение За давање на согласност на Одлука бр. 0201-350 од 11.05.2022 на ЈОУДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино за намалување на износот на плаќање на надоместок за користење на услуги на деца кои се запишани во ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино и кои во месец април 2022 година во периодот од 11.04.2022 година заклучно со 26.04.2022 година за време на штајкот во установата не присуствувале во градинка
7. Предлог – Одлука За изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на oпштина Неготино за 2022 година 8. Предлог – Одлука за именување на претседател и членови на Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ( ОСБСП ) Неготино
9. Предлог – Заклучок за усвојување за финансиското работење на ЈП „ Комуналец “ Неготино за периодот од 01.01.2022 – 31.03.2022 година
10. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош
11. Предлог – Решение за доделување на финансиска поддршка