Во четврток (07.07) во Неготино ќе се одржи информативна сесија од проектот „Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој“ PDF Print
There are no translations available.

   По пријавата од општина Неготино за учество во циклусот на обуки како дел од проектот “Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој”, се информираат сите заинтересирани граѓани  дека на ден 07.07.2022 (четврток) во просториите на Општина Неготино со почеток во 14 часот, ќе се одржи информативна сесија, при што ќе утврдат начинот и времето на одржување на планираните обуки. Сесијата ќе трае 1 час. Специфичната цел на проектот е подобрување на атрактивностите и промовирање на туризмот во прекугранична област со цел за подобрување на вработувањата во туризмот.
Обуките се наменети за студенти и невработени лица со цел поддршка за вработување во туризмот. Обуките ќе бидат во временски период од 1 месец, односно 20 работни денови по 1 до 2 часа во салата на Општина Неготино. Планирано е да се одржат за време на летниот период од јуни до септември.