ГРАДСКО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ - НЕГОТИНО 2012 PDF Печати

   Во организација на општина Неготино, а во соработка со Градскиот шаховски клуб “Неготино”, оваа година за прв пат ќе се одржи Отвореното градско првенство во шах – Неготино 2012. Право на учество на првеството имаат сите заинтересирани граѓани на општина Неготино. Првенството ќе започне на 25 мај (петок) во 17.00 часот, а истото ќе го отвори покровителот на ова случување – Градоначалникот на општина Неготино г-нот Пане Трајков. Наградниот фонд за најдобрите учесници на турнирот изнесува 17.000 денари. Пријавувањето за учество се врши кај претседателот на ГШК Неготино Трајче Недев, на тел. Број 075/416-496, надоцна до 25 мај (петок) до 13.00 часот.