ЧЕТВРТОК – ПРИЕМЕН ДЕН НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ PDF Печати
     Своите проблеми, било да се од лична природа или пак да станува збор за проблеми со кои се соочуваат граѓаните во местото на живеење, можат да ги пренесат и помош или совет да побараат на средбите со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кои се одржуваат еднаш во текот на работната недела. За таа цел, четврток е утврден како ден за средби со населението, но за да не се создаваат непотребни гужви, секој граѓанин кој е заинтересиран да оствари средба со градоначалникот треба да има предходно договорен термин. Во изминатиот период над 500 граѓани од општината имаат остварено средби со првиот човек на општината, при што најчесто се бара помош при вработување, за решавање на проблеми од социјалната заштита, како и замногу други лични или општи потреби. На средбите со градоначалникот Апостолов се дискутира и за прашања во делот на тековните активности на општината, потоа за актуелни проблеми во урбаните и во месните заедници, а се разгледуваат и можните начини за решавање на истите.