ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО И УСАИД PDF Print
There are no translations available.

   Целта на проектот што локалната самоуправа ќе го спроведува со УСАИД е да го олесни пристапот на малите и микропретпријатијата до пазарот на јавни набавки придонесувајќи за нивен одржлив развој и подобро искористување на нивните потенцијали за создавање работни места, раст и иновации. Од друга страна пак, на договорните органи проектот треба да им овозможи постигнување пониски цени и повисок квалитет при јавните набавки. Овие цели се планира да се остварат преку зголемување на свесноста кај претпријатијата за можностите што ги нуди пазарот на јавни набавки, нивно снабдување со знаење, алатки, способности и капацитети за тендерски постапки, како и пружање помош за намалување на административните пречки што го оневозможуваат влезот на микропретпријатијата во јавните набавки. Станува збор за проект кој ќе се реализира во период од 3 години и истиот ќе биде подржан и од Бирото за јавни набавки.
 
 Регионален центар за поддршка на микропретпријатија-Велес
Фондација „Фокус“
ул. „Трајко Панов“ 22, 1400 Велес
тел: 043 212 450, 070 226 025
е-пошта: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it