ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА СОУ ,,СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ,, ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Во присуство на голем број гости меѓу кои и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, професори, ученици и други просветни работници денеска со пригодна свеченост беше одбележан патрониот празник на Средното општинско училиште Св. Кирил и Методиј од Неготино. Пригодно обраќање пред присутните имаше директорката на оваа образовна установа Маја Тефова која се осврна на значењето на истата во спроведувањето на воспитно-образовниот процес, новините што се воведуваат квалитетот на наставата  да биде подигнат на повисоко ниво, притоа заблагодарувајќи им се на сите вклучени во овој процес, како и на професорите и учениците кои со освојувањето награди на републички и меѓународни манифестации имаат придонесено за афирмација на неготинското средно училиште. По повод патрониот празник, честитки упати и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов.