ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН 2013 – ВТОРА ФАЗА PDF Печати

   Во рамките на втората фаза на манифестацијата “Топол културен бран 2013”, во организација на Општина Неготино и Министерството за култура на РМ, на 22 август (четврток) со почеток од 20.30 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе биде реализирана изложбата на слики на сликарот Велика Глигорова, на 23 август (петок) од 20.30 часот љубителите на културата од нашата општина ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава “Живеј дур си млад” во изведба на театарот Крсте Петков Мисирков од Свети Николе, а на 30 август (петок) во 20.30 часот концерт ќе одржи Кристина Палија (соло).
Претходно, во првата фаза од манифестацијата во месец јули беше прикажана Ревија на македонски филмови на режисерот Столе Попов” во која беа содржани 4 наслови од македонската кинематографија, односно култните филмови: “Црвениот коњ”, “Џипси меџик”, “Среќна нова ‘49” и “Тетовирање”.