ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ НЕГОТИНО И ЧРНОМЕЉ |
![]() |
![]() |
![]()
Во смисла на начелата на соработката, беше потенцирана согласноста општините Неготино и Чрномељ да соработуваат на полето на стопанството, културата, спортот, туризмот, општествените дејности, како и на други полиња за кои ќе биде покажан интерес. Планирано е соработката да се одвива преку посети на делегации од двете општини, претставници на локалната самоуправа, стопанственици и разни организации, спортисти, културни работници, потоа со размена на искуства од повеќе нивоа, како и преку подготовка, аплицирање и реализација на заеднички проекти и меѓусебна помош при нивното спроведување, а кои се од заеднички интерес за граѓаните од двете општини. По официјалниот чин на потпишувањето на Договорот за меѓуопштинска соработка, првите луѓе на двете општини разменија пригодни подароци. |