КОНКУРС ЗА ПОДДРШКА НА СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИРАНИ УМЕТНИЦИ И ДЕФИЦИТАРНИ СТРУЧНИ КАДРИ ЗА 2014 ГОДИНА PDF Печати
Врз основа на член 65 став 4 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/2010, 47/2011 и 51/2011), а во врска со Правилникот за критериумите за финансирање на програмите, односно проектите по одделни дејности во културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 70/2011), Министерството за култура распишува Конкурс за поддршка на стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарни стручни кадри во областа на филмот, театарот, музиката, танцот, литературата, ликовната уметност, заштитата на движното и недвижното културно наследство за 2014 година.
Повеќе информации и пријава за учество на конкурсот ќе најдете на следниот линк: http://www.kultura.gov.mk/index.php/konkursi/1119-konkurs-za-poddrska-na-strucno-usovrsuvanje-na-talentirani-umetnici-i-deficitarni-strucni-kadri-za-2014-godina