Започна пријавувањето за дегустација на вина и ракии PDF Печати
  И оваа година во рамките на одбележувањето на празникот „Свети Трифун“ и организирањето на „Неделата на виното“ ќе биде организирана дегустација-натпревар во вино и ракија на индивидуални производители од нашата општина, како и дегустација на вина произведени од винарски визби. Организаторите ги информираат сите заинтересирани граѓани кои со свои производи сакаат да учествуваат на овој натпревар дека е потребно да донесат по 2 мостри од вината и ракијата најдоцна до 10.02.2015 г. (вторник) кај лицето Ивица Златковиќ во просториите на општина Неготино на 3-ти спрат, а контакт и поблиски информации можат да остварат и да добијат  на телефонскиот број 072-320-833. Дегустациите во двете категории ќе се одржат на 12 и 13 февруари, а мострите ќе бидат оценувани од стручна комисија составена од енолози од Здружението на енолози на Република Македонија. На производителите на најдобрите вина и ракии наградите ќе им бидат врачени на централната прослава на празникот „Св. Трифун“ на градскиот плоштад во Неготино во сабота на 14 февруари.