Советодавно-едукативни работилници во игралните во општина Неготино PDF Печати

   Во рамките на проектот општинско-корисна работа „Развој на постојните и обезбедување на нови иновативни услуги во социјалната сфера во општина Неготино, во 7-те игрални за предучилишни деца во населените места Тимјаник, Криволак, Пепелиште, Цр. Брегови, Д.Дисан, Тремник и Војашнци беше одржана советодавно-едукативна работилница со родителите и децата. Темата на оваа работилница беше „Сообраќај“ и е прва од планираните 3 од ваков карактер до крајот на годината. Овие работилници се одржаа на 13.07 во Криволак, на 14.07 во Пепелиште, Тимјаник, Цр. Брегови и Војшанци ина 15.07 во Тремник. Преку овие работилници, покрај воспитно-едукативната компонента со родителите на децата, воспитувачите и асистентите се развива и отворена комуникација и соработка со средините каде што функционираат овие игрални и претставуваат иновативна социјална услуга која се одржува веќе четврта година по ред и тоа со средства обезбедени од општинскиот буџет и со средства обезбедени од УНДП, АВРМ И МТСП во делот на дополнителен помошен кадар. Инаку, игралните во овие средини ги посетуваат околу 110 деца на возраст од 3,5 до 5,5 години.