ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИ за ОБУКИ ЗА ПЧЕЛАРСТВО ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати

Општина Неготино објавува јавен повик за сите кои се заинтерсирани да учествуваат во обуки за пчелaрство ( училиште за пчелари) што ќе се имплементира во рамките на проектот,,Поддршка и развој на економијата на пчелните производи во прекуграничната област “Bee-conomy” што е ко-финансиран преку ИПА –ЦБЦ програмата  Грција-Македонија

 

Обуките ќе се спроведуваат во соработка со О3 ИНВЕСТ ДООЕЛ Скопје и ќе опфатат:

1. Првиот циклус на обуки е наменет за 25 учесници од постојните пчелари во општина Неготино .Обуките за постојните пчелари ќе опфатат постапки за максимизирање на  производството на мед, производство на други методи и користење на другите пчелни продукти за зголемување на вредноста на медот.  Обуките ќе се реализираат во времетраење од 70 часови, во месеците јули и август 2016 година и ќе се спроведуваат преку теоретска и практична настава спроведена од проф. д-р. Хрисула Кипријановска.

2. Вториот циклус на обуки е наменет за 25 учесници кои се заинтересирани да започнат со одгледување на пчели и производство на пчелни продукти. Обуките за новите пчелари ќе опфатат почетно запознавање со основните елементи во процесот на одгледување на пчелите, запознавање со неопходната опрема за пчеларство и неопходните постапки за одгледување на пчели. Обуките ќе се реализираат во времетраење од 70 часови, во месеците јули и август 2016 година и ќе се спроведуваат преку теоретска и практична настава спроведена од проф. д-р. Хрисула Кипријановска

  

Апликантите за двата циклуса  треба да се пријават на следниов начин:

За првиот циклус на обуки

 Анекс 1а-Апликација за обука на постојни пчелари.

Во прилог на апликацијата за обуките за постојни пчелари се доставува доказ од ПЕ на МЗШВ Неготино ( Решение за запишување на земјоделско стопанство во ЕРЗС )дека апликантот е регистриран пчелар во Неготино или ДРД образец доколку апликантот доаѓа од правно лице кое е производител на пчелни производи

За вториот циклус на обуки

Анекс 1б-Апликација за обука на нови пчелари

-       За обуките за нови пчелари доказ дека апликантот е невработен издаден од ЦВ АВРМ Неготино(доколку во апликацијата се декларира како невработен) и

-        Доказ дека е примател на било каков вид социјална помош (доколку во апликацијата е наведено дека е примател на социјална помош).

-       Потребно е да се достави и доказ-имотен лист за просторот каде би можело да бидат поставени  5 сандака за одгледување на пчели за следните 5 години. Просторот може  да биде во сопственост на апликантот или на член од негово потесно семејство или пак да има договор за закуп на просторот.

-       Апликантот треба да  пополни, потпише и достави Изјава ( Анекс 6) дека ќе потпише Договор со општина Неготино за добивање на опрема за одгледување на пчели, која ќе остане во сопственост на Апликантот и ќе биде лоцирана на предложените локации во следните минимум 5 години.

Сите заинтересирани кандидати може да подигнат апликации од општина Неготино достапни во  проектната канцеларија за локален економски развој на 3 спрат или дирекно од веб страната на општина Неготино. Огласот е во времетраење од 10 работни дена во периодот од 11.07-22.07.2016. Краен датум за поднесување на апликациите и пропратната документација и за двата циклуса е 22.07.2016 (петок) до 12.00 часот.Апликациите се поднесуваат во општина Неготино во  проектната канцеларија за локален економски развој на 3 спрат секој ден од 08:00-16:00 часот  .

Процесот на селекција е поделен на две фази. Првата фаза е проверка на административната усогласеност на апликантот со административните критериуми, а втората фаза е квантитативна оценка на апликантот.Времето на доставување на апликациите може да биде земено исто така во предвид. Селекцијата на учесниците ќе се врши од страна на Комисија за селекција. Комисијата е составена од 5 члена: Претседател, секретар и тројца оценувачи.Секој апликант ќе биде оценуван од 1 оценувач.

Процесот на оценување, селекција и избор на кандидатите ќе се врши во период од 22.07.-25.07.2016, по што ќе следува информирање на селектираните кандидати и за двата циклуса.

Важни напомени:

·           Обуките  за двата циклуса се бесплатни.

·           Секој учесник ќе добие бесплатни едукативни материјали за обуките  и сертификат за учество на крајот од обуките

·           За време на обуките потребно е редовно присуство на кандидатите за што ќе биде водена редовна евиденција од стана на обучувачите

·           Обуките ќе се спроведуваат во простор обезбеден од општина Неготино

·           За време на теренските посети и практичните часови во општина Неготино превозот е обврска на самите кандидати. За сите теренски посети надвор од општина Неготино транспортните трошоци ќе бидат покриени од страна на проектот.

·           Во случај на повеќе од  25 апликанти за секој циклус од  обуките ,  кои ги исполнуваат административни услови може да биде спроведено и јавно извлекување .

·           Невработените не го губат статусот на невработени со учеството во обуките

·           Апликациите  се примаат во општина Неготино до 22.07.2016 до 12.00 часот.

·           Сите апликации пристигнати по наведениот термин ќе бидат одбиени

·           Точен распоред и времетраење на обуките ќе биде дополнително објавен до сите избрани кандидати .

 

Во рамките на проектот, од страна на ангажираните консултанти ќе бидат спроведени едукација ,консултации, менторирање, ќе бидат спроведени 3 ревизии на постојни претпријатија и ќе бидат изработени 3 бизнис планови .

 

·           Во рамките на проект, по завршување на обуките за пчелари почетници,  лицата  кои ќе поминат обуки за почетници и ќе добијат опрема, ќе имаат обврска да се регистрират како индивидуалец или претпријатие за производство на мед и други пчелни производи

 

 

Изјава нови пчелари

 

Апликација за постојни пчелари

 

Апликација за нови пчелари

 

Дополнителни Информации

Општина Неготино

Проектна канцеларија

Одделение за локален економски развој( 3 спрат)

Телефон: 043-361-045 лок.123

E-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите