И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Печати

Во врска со отворената покана за поднесување на апликации за обуки за пчеларство ЗА ПОСТОЕЧКИ РЕГИСТРИРАНИ ПЧЕЛАРИ  во општина Неготино , во рамките на проектот,,Поддршка и развој на економијата на пчелните производи во прекуграничната област “Bee-conomy” што е ко-финансиран преку ИПА –ЦБЦ програмата  Грција-Македонија , кој што повик беше првично објавен  во периодот  од 11.07.2016 до 03.08.2016 ,и согласно НОВИОТ ПОВИК од 12.08.2016 - 22.08.2016,кој покрај за регистрирани беше отворен   и за ДРУГИ  ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ  кои се занимаваат со пчеларство но сеуште не се регистрирале  ,по завршеното пријавување, Комисијата за  пријавување, оценување,селекција и избор на кандидати  за учество во ЦИКЛУСОТ ОБУКИ ЗА ПОСТОЕЧКИ  ПЧЕЛАРИ изврши оценување на пристигнатите апликации .По бодирањето  и постигнатиот ранг општина Неготино, ЈА ОБЈАВУВА ЛИСТАТА СО 25  ИЗБРАНИ КАНДИДАТИ ЗА ЦИКЛУСОТ ОБУКИ ЗА  ПОСТОЈНИ  ПЧЕЛАРИ. Бодовната листа и рангирањето се достапни на веб страната на општина Неготино и на информативните табли во општина Неготино.

Постојни пчелари

Истовремено со ова известување ги покануваме  избраните кандидати на ПРВ  ИНФО СОСТАНОК  за групата ПОСТОЕЧКИ ПЧЕЛАРИ кој ќе се одржи во петок на 26.08.2016 со почеток во 14.00 часот во големата сала на општина Неготино.Сите кандидати дополнително ќе бидат известени  писмено и телефонски преку проектната канцеларија од Одделението за ЛЕР при општина Неготино.
Комисија за оценување на кандидати за ОБУКА ЦИКЛУС-ПОСТОЕЧКИ  ПЧЕЛАРИ

1.м-р Лолита Ристова-Претседател на Комисијата и  Проектен менаџер-без право на одлучување
2.Васка Јованова-Секретар на Комисијата и Административно лице за проектот-без право на одлучување
3. Методија Саздов-Консултант О3 ИНВЕСТ ДООЕЛ Скопје-член на Комисијата со право на одлучување
4.Ѓоко Данаилов-ПЕ АПРЗ Неготино-член на Комисијата со право на одлучување
5.Златко Пенков-ПЕ на МЗШВ Неготино-член на Комисијата со право на одлучување

дата  24.08.2016

 
Банер

Водич за инвеститори

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Македонија вработува

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Банер

Програма општинско-корисна работа

Банер

Пребарување

Кој е онлајн

Има 80 гости присутни