ПОКАНА ЗА ПОНУДА PDF Печати

Врз основа на Одлука на градоначалникот на општина Неготино  бр.05-268 од 22.08.2016 за утврдување на потреба од НАБАВКА( SUPPLY) – НАБАВКИ( SUPPLIES) на опрема за пчелен  парк, мобилен едукативен материјал за практични часови во училница и во природа, опрема за 25 потенцијални пчелари за проектот,,BEE CONOMY”а во врска со проектот,,Поддршка и развој на економија на пчелни производи во прекуграничнатa област-BEE-CONOMY,, со бр. на Договор за грант: IPA2010/DN23657/CN358809 од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА за НАБАВКА на  НАБАВКИ( SUPPLIES) на опрема за пчелен  парк, мобилен едукативен материјал за практични часови во училница и во природа, опрема за 25 потенцијални пчелари за проектот,,BEE CONOMY”со детална спецификација во тендерскaта документација.
Набавката е делива
Дел 1: Опрема за пчелниот парк, мобилен едукативен материјал за практични часови во училница и во природа  и опрема за 25 потенцијални пчелари.
Дел 2:Пчелен парк-сигурност( безбедносна опрема за надворешна училница вклучувајќи поставување во пчелниот парк и обука за користење на опремата) и изнајмување на групи пчели за едукативни цели .
Дел 3: Опрема за пчелен парк  (вклучително поставување  на опремата во пчелниот парк)


Тендерската документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG) е достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 26.08.2016 година.Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена електронски или по пошта  поставена на ЦД.

 Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 26.09.2016 до 12.00 часот.Отварањето на понудите ќе биде јавно во 14.00 часот истиот ден.
Ве молиме на секоја страна од обрасците  да ставете  печат и потпис од Вашата фирма.Исто така сите документи во прилог кои се бараат со понудата, а кои се однесуваат на финансиските, економските , техничките и професионалните способности на понудувачите  треба да бидат составен дел на документацијата.
Документи во прилог на понудата согласно барањата во Инструкциите за тендерот:
-Тековна состојба не постара од 6 месеци издадена од Централен регистар
-Решение за регистрирана дејност од Централен регистар
Други документи согласно Инструкциите во тендерот:
-во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари
-на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
-на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
-понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
-понудувачот  да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
-на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција-забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење на одделна дејност
 Вашата понудата може да ја доставите дирекно во општина Неготино или по пошта согласно инструкциите во документацијата :

Општина Неготино
ул.Ацо Аџи Илов Бр 2,
  1440 Неготино, Република Македонија
  Во левиот агол  на затвореното  плико на задната страна назначете:
  IPA2010/DN23657/CN358809-12   05-268
  Назначете ‘Not to be opened before the tender opening session’ и “Да не се отвара пред официјалното отварање на понудите”.
  име на понудувачот
Како потенцијални добавувачи на бараниот мебел и опрема потребно е истите да бидат доставени  во општина Неготино во рок од  40 дена по потпишување на Договорот со носителот на набавката.Ве молиме при набавката на наведените материјали да бидат запазени следниве правила :
1.Согласно   Анекс 4 од Договорот за грант, дел 2.1. ,,НАЦИНАЛНО ПРАВИЛО”-Учество во постапката  за тендер од страна на корисниците е отворено под еднакви услови за сите физички и правни лица на Државите Членки и Државите  и териториите на региони и /или дозволени со финансискат регулатива и најдобрите акти или други инструменти кои ја управуваат програмата за помош под која грантот се финансира.Понудувачите мораат да ја наведат во нивните тендери земјата на која тие се државјани со презентирање на вообичаениот доказ за државјанство според нивната национална легислатива.
2.Согласно Анекс 4 од Договорот за грант, дел 2.2. ,,ПРАВИЛОТО НА  ПОТЕКЛО,, треба да биде испочитувано при набавката на материјалите за целите на проектот или: Освен ако не е поинаку предвидено во договорот, сите стоки купени според договорот мора да потекнуваат од  земја-членка на Европската унија или од држава или територија на регионите опфатени и / или овластени од страна на посебни инструменти кои се применуваат за програмата и е наведено во Клаузула 3.1 . За овие цели, "потекло" значи место каде што стоката расте, е произведена или произведени и / или од кои се обезбедуваат услуги. Потеклото на стоката мора да се утврди во согласност со релевантните меѓународни договори (особено договори WTO), која се рефлектира во законодавството на ЕУ за правилата за потекло за царински цели: Царинскиот закон (Регулатива (ЕЕЗ) бр 2913/92) особено со членовите 22-246 од него, и на одредбите за спроведување на Кодексот (Регулатива (ЕЕЗ на Комисијата) 2454/93.

Во врска со  ,,ПРАВИЛОТО НА  ПОТЕКЛО,,  потребно е да биде обезбеден СЕРТИФИКАТ за потеклото на набавената  стока.

Ве информираме дека исплатата на средствата кон носителот на набавката е без вклучен ДДВ , па затоа и цените во Вашата понуда треба да бидат изразени без вкулчен ДДВ . Општина Неготино преку гореспоменатиот проект ќе го исплати износот без ДДВ. Економскиот оператор е ослободен од данок на додадена вредност ДДВ  и за целокупната постапка  ќе се применува член 4 и 5 од Законот за  изменување и дополнување на Законот за Данок на  додадена вредност (Сл.весник на РМ  бр.12/2014) и ,,Правилникот за формата и содржината на фактурата, формата и содржината на пријавата, начинот на пријавување на прометот, содржината на евиденцијата на фактури која ја води  надлежен даночен орган како и формата и содржината  на евиденцијата на примени фактури која ја води примателот на прометот за цели за спроведување на даночното ослободување од плаќање на данок на додадена вредност на промет  на добра и услуги наменети за реализација на проект кој е финансиран со парични средства добиени врз основа на договор за донација склучен помеќу Република Македонија и странски донатор во кој е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат даноци,, (Сл.весник на РМ  бр.98/2014)

c2_contractnotice

Контакт:
 М-р Лолита Ристова-проект менаџер
тел:043-361-045 лок.123
факс:043-361-933
моб.070370555  
е-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или
е-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

26.08.2016

 

ПОКАНА ЗА ПОНУДА
Врз основа на Одлука на градоначалникот на општина Неготино  бр.05-267 од 19.08.2016 за утврдување на потреба од НАБАВКА( SUPPLY) - мебел и дигитална опрема за тренинг центар-училница , а во врска со проектот,,Поддршка и развој на економија на пчелни производи во прекуграничнатa област-BEE-CONOMY,, со бр. на Договор за грант: IPA2010/DN23657/CN358809 од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА за НАБАВКА на  ,,Мебел и дигитална опрема за тренинг центар-училиница за проектот,,BEE CONOMY” со детална спецификација во тендерскaта документација.
Набавката е делива (Дел 1 .Набавка на мебел Дел.2 Набавка на ИТ и дигитална опрема)
Тендерската документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG) е достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 25.08.2016 година.Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена електронски или по пошта  поставена на ЦД.

 Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 05.09.2016 понеделник  до 12.00 часот.Отварањето на понудите ќе биде јавно во 14.00 часот истиот ден.
Ве молиме на секоја страна од обрасците  да ставете  печат и потпис од Вашата фирма.
Документи во прилог на понудата:
-Тековна состојба не постара од 6 месеци издадена од Централен регистар
-Решение за регистрирана дејност од Централен регистар
Договорниот орган не ја исклучува можноста дополнително да бидат побарани и други  документи пред склучувањето на Договорот со најповолниот понудувач/понудувачи
-во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари
-на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
-на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
-понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
-понудувачот  да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
-на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција-забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење на одделна дејност
 Вашата понудата може да ја доставите дирекно во општина Неготино или по пошта согласно инструкциите во документацијата :

Општина Неготино
ул.Ацо Аџи Илов Бр 2,
  1440 Неготино, Република Македонија
  Во левиот агол  на затвореното  плико на задната страна назначете:
  IPA2010/DN23657/CN358809-11 05-267
  Назначете ‘Not to be opened before the tender opening session’ и “Да не се отвара пред официјалното отварање на понудите”.
  име на понудувачот
Како потенцијални добавувачи на бараниот мебел и опрема потребно е истите да бидат доставени  во општина Неготино во рок од  20 дена по потпишување на Договорот со ностелот на набавката.Ве молиме при набавката на наведените материјали да бидат запазени следниве правила :
1.Согласно   Анекс 4 од Договорот за грант, дел 2.1. ,,НАЦИНАЛНО ПРАВИЛО”-Учество во постапката  за тендер од страна на корисниците е отворено под еднакви услови за сите физички и правни лица на Државите Членки и Државите  и териториите на региони и /или дозволени со финансискат регулатива и најдобрите акти или други инструменти кои ја управуваат програмата за помош под која грантот се финансира.Понудувачите мораат да ја наведат во нивните тендери земјата на која тие се државјани со презентирање на вообичаениот доказ за државјанство според нивната национална легислатива.
2.Согласно Анекс 4 од Договорот за грант, дел 2.2. ,,ПРАВИЛОТО НА  ПОТЕКЛО,, треба да биде испочитувано при набавката на материјалите за целите на проектот или: Освен ако не е поинаку предвидено во договорот, сите стоки купени според договорот мора да потекнуваат од  земја-членка на Европската унија или од држава или територија на регионите опфатени и / или овластени од страна на посебни инструменти кои се применуваат за програмата и е наведено во Клаузула 3.1 . За овие цели, "потекло" значи место каде што стоката расте, е произведена или произведени и / или од кои се обезбедуваат услуги. Потеклото на стоката мора да се утврди во согласност со релевантните меѓународни договори (особено договори WTO), која се рефлектира во законодавството на ЕУ за правилата за потекло за царински цели: Царинскиот закон (Регулатива (ЕЕЗ) бр 2913/92) особено со членовите 22-246 од него, и на одредбите за спроведување на Кодексот (Регулатива (ЕЕЗ на Комисијата) 2454/93.

Ве информираме дека исплатата на средствата кон носителот на набавката е без вклучен ДДВ , па затоа и цените во Вашата понуда треба да бидат изразени без вкулчен ДДВ . Општина Неготино преку гореспоменатиот проект ќе го исплати износот без ДДВ. Економскиот оператор е ослободен од данок на додадена вредност ДДВ  и за целокупната постапка  ќе се применува член 4 и 5 од Законот за  изменување и дополнување на Законот за Данок на  додадена вредност (Сл.весник на РМ  бр.12/2014) и ,,Правилникот за формата и содржината на фактурата, формата и содржината на пријавата, начинот на пријавување на прометот, содржината на евиденцијата на фактури која ја води  надлежен даночен орган како и формата и содржината  на евиденцијата на примени фактури која ја води примателот на прометот за цели за спроведување на даночното ослободување од плаќање на данок на додадена вредност на промет  на добра и услуги наменети за реализација на проект кој е финансиран со парични средства добиени врз основа на договор за донација склучен помеќу Република Македонија и странски донатор во кој е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат даноци,, (Сл.весник на РМ  бр.98/2014)

 c2_contractnotice_en 05-267

Контакт:
 М-р Лолита Ристова-проект менаџер
тел:043-361-045 лок.123
факс:043-361-933
моб.070370555 
е-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или
е-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

 

 
Банер

Водич за инвеститори

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Македонија вработува

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Банер

Програма општинско-корисна работа

Банер

Пребарување

Кој е онлајн

Има 79 гости присутни