Културна Програма
The project “Common European Memory of the Past” PDF Печати
Applicable to the Strand 2 – Measure 2.1 "Town-Twinning”
 
Две театарски претстави во рамките на прославата на Светскиот ден на театарот во организација на Општина Неготино PDF Печати

   Во рамките на програмата за култура, а по повод Светскиот ден на театарот 27 март, оваа година општина Неготино во соработка со Центарот за култура “Aцо Ѓорчев” по четврти пат ја организира прославата на овој ден, кој се слави ширум светот со изведби на голем број театарски прослави и перформанси. Во нашиот град ќе бидат одиграни две одлични театарски претстави - комедиии, во изведба на театрите од сосединте општини Демир Капија и Кавадарци.
Првата претстава со која ќе биде отворен фестивалот е урнебесната комедија “Љубовник со висок стил”, на авторот Реј Куни, а во изведба на театарот “Мирка Гинова” од Демир Капија. Под режисерската палка на Томе Атанасов, актерската група составена од вкупно 12 актери, на 25 март, среда со почеток во 20 часот на големата сцена во НУЦК “Ацо Ѓорчев” ќе ја изведат премиерата на оваа претстава пред неготинската публика.
Втората, исто така култна претстава, која претставува вистински сценски перформанс е комедијата “Сомнително лице” од српскиот автор Борислав Нушиќ. Истата е една од начесто изведуваните и најпосакуваните претстави на Балканот. Претставата ќе биде изведена од актерска група од 12 актери - членови на градскиот театар од Кавадарци. Режијата е на режисерот Диме Коцевски, а музиката на Марјан Тодоровски. Петок, 27 март, Центар за култура “Ацо Ѓорчев”, почеток 20 часот.

Повеќе...
 
Во Локалната библиотека „ Страшо Пинџур “ изложба на капитални книжевни дела PDF Печати
   Во рамките на реализацијата на традиционалната манифестација Топол културен бран 2014, за неготинската и пошироката јавност во Локалната библиотека „ Страшо Пинџур “ – Неготино во деновите од 27-ми до 31-ви август ќе бидат изложени капитални дела од колекцијата „Sвезди на светската книжевност“. Како што информираше директорката Катарина Данаилова, станува збор за колекција која претставува една од најзначајните цивилизациски придобивки, со што пак македонскиот духовен простор се збогатува со врвните остварувања од светската книжевна ризница. Се покануваат сите заинтересирани граѓани да ја посетат изложбата и на најдиректен начин да се запознаат со изложените дела кои се составен дел од колекцијата.
 
Ликовна изложба на академскиот сликар Драган Хаџи Николов - Аџи PDF Печати
  Во рамките на втората фаза од манифестацијата “Топол културен бран 2014” организирана и финансирана  од Општина Неготино и Министерството за култура, во петок 22 август во 20 часот во изложбениот простор на Музејот на град Неготино ќе биде отворена изложбата “Етно приказни” на акдемскиот сликар Драган Хаџи Николов - Аџи од Гевгелија. Ќе бидат изложени 30-тина дела масло на платно создавани неколку години од страна на авторот, при што во делата на Хаџи-Николов доминира мртвата природа со етномотиви, предмети кои во минатото имале употреблива вредност, а сега претставуваат артефакти. Инаку досега, авторот има остварено триесеттина самостојни изложби во земјава и странство, а учествувал и на повеќе групни изложби и колонии.
Во рамките на манифестацијата “Топол културен бран 2014” во месец август ќе бидат реализирани уште три културни настани со кои ќе биде заокружено овогодинешното издание:
- од 25 до 29 август, во кино салата на НУЦК “Ацо Ѓорчев” љубителите на филмот од нашата општина ќе имаат можност да проследат Ревија на пет македонски играни филмови;
- на 27 август, со почеток од 12 часот во градската библиотека во Неготино ќе биде отворена изложбата “Ѕвезди на светската книжевност“ проследена со петско читање и литературен перформанс;
- на 31 август, со почеток од 20.30 часот на градскиот плоштад, ќе се одржи Ликовен хепенинг во организација на галерија АРТ-М од Неготино.
Инаку претходно, во рамките на првата фаза од манифестацијата, љубителите на театарот од Неготино имаа можност да ја проследат урнебесната комедија “Жена ми се вика Борис” во изведба на театарот од Демир Капија.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 1 од 10