ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Пријави проблем

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Службен гласник

Моја - општина

Beeconomy

Спортски клубови
ГФК “Неготино” - Неготино PDF Печати

ГФК Неготино е формиран  на 29 август 2003 година по иницијатива на група граѓани, спортски работници и поранешни истакнати фудбалери од Неготино. Прв претседател на клубот е Зоран Недев, дипломиран професор по физичко воспитание, кој во исто време е и прв тренер на екипата. Членови на првата управа на клубот се: Димитрија Гиновски – Потпретседател на клубот Орце Најдов – Директор на клубот, спортски работник и фудбалер кој има настапувано во дресот на ФК Вардар од Скопје, кога овој клуб се натпреварува во најдобрата лига на поранешна Југославија, Диме Димов (Џуџето) – Секретар, поранешен фудбалер на ФК Вардар од Неготино и истакнат фудбалски судија.

Повеќе...
 
Кошаркарски клуб “Неготино” PDF Печати

  Кошаркарскиот клуб “Неготино” е формиран во 1979 година. Иницијатор за формирање на клубот и прв тренер бил Костадин Јовановиќ. Од самото формирање до денес клубот го носи името Кошаркарски клуб “Неготино”, со исклучок на сезоната 2005/06 кога клубот настапува под името “Дрога Колинска Неготино”
Најдобри резултати: Во сезоната 2003/04 освоено второто место во Втората Македонска лига и обезбеден пласман во Првата Македонска лига во која клубот настапува во сезоната 2004/05.

Повеќе...
 
Борачки клуб “Неготино” PDF Печати

   
Борачкиот клуб “Неготино” е формиран во 1969 година како секција за борење “Младост”. Од сезоната 1970/71 оваа секцијата преминува во борачки клуб “ФКН” - Неготино и најдобрите резултати ги постигнува токму под ова име. Од 2001 година клубот го носи денешното име БК “Неготино”
Прв претседател на клубот е Петар Костадинов, a прв тренер на клубот по формирањето е Иван Рангелов.

Повеќе...
 
Teнискиот клуб “Неготино” PDF Печати
   Teнискиот клуб “Неготино” е формиран во 1993 година. Прв и актуелен претседател на клубот е Блажо Лазовски, a прв и актуелен тренер на клубот е Александар Јованов.
Најдобри резултати на клубот се: Три пати вицешампиони на Македонија во екипна конкуренција и шест учества на завршните Мастерс турнири во организација на Македонската тениска федерација во јуниорска конкуренција.
Повеќе...
 
Градски Шаховски клуб “Неготино” PDF Печати

   Првиот шаховски клуб во градот Неготино е формиран во далечната 1938 година, по иницијатива на големиот играч и вљубеник во шахот - неготинецот Пане Станински Џекот.
Се до 2003 година клубот го носи името на првоборецот Манчо Малиминов, кога е формиран сегашниот нов рекреативен шаховски клуб, познат под името Градски Шаховски клуб “Неготино”.

Повеќе...