ЛЕР и јавни дејности
Отворена традиционалната копаничарска работилница PDF Печати

   Директорот на Музејот на град Неготино Ристе Марков и претседалот на Советот на општина Неготино Диме Витанов во присуство на заинтересирани граѓани ја прогласија за отворена традиционалната копаничарска изложба која се одржува во рамките на Неделата на виното-Свети Трифун 2018 година. На изложбата со свои дела се претставија членови на Здружението „Стари занаети“ од Неготино кои предизвикаа интерес кај посетителите кои со внимание ги проследија изложените дела. Во знак на благодарност за вложениот труд при изработката на делата и организацијата на настанот, претседателот на Советот на општината Диме Витанов на копаничарите учесници им додели благодарници.

Повеќе...
 
„Ден на вранецот 2018г" во манастирот Св. Ѓорѓи PDF Печати
   Во присуство на голем број посетители од нашата општина и гости од земјава и странство меѓу кои заменик министерот за земјоделство Благе Цветковиќ, заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски, гости од збратимените градови Наѓката-Унгарија и Попово-Бугарија, сопственици на винарии, претставници на Факултетот за туризам од Гевгелија и многу други присутни, денеска во манастирот Свети Ѓорѓи се одржа настанот Ден на вранецот на кој се дегустираше едно од најавтохтоните неготински и македонски вина „вранец". Присутните гости ги поздрави и настанот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков. Инаку, настанот беше поделен во два дела и тоа првиот промотивно, дегустационен и хуманитарен настан Ден на вранецот со вина од индивидуални производители збогатен со „раванијада" и „зелникот од рацете на баба ми", а вториот Мастер клас за виното „вранец" со учество на винарии од општина Неготино и регионот. На сите учесници кои денеска се претставија со вино „вранец" градоначалникот Делков им додели благодарници.
Повеќе...
 
Театарска претстава и ликовна колонија по повод „Св.Трифун" PDF Печати

    Центарот за култура „Ацо Ѓорчев" беше домаќин на два настани од Неделата на виното. Прво претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов ја отвори ликовната колонија на која со свои дела се претставија ликовни уметници од нашата општина, а нивниот труд беше валоризиран со добивање благодарници и рекламен материјал. Малку подоцна се одржа театарската претстава „Вино, грозје и љубов" со учество на 15-тина штитеници и волонтери од дневниот центар Порака од Неготино.

Повеќе...
 
Се подготвуваше „зелник од рацете на баба ми"! PDF Печати
   Во просториите на постојаната етнолошка поставка во Музејот на град Неготино, а во рамките на Неделата на виното-Свети Трифун 2018г. се одржа настан насловен како ,,Зелникот од рацете на баба ми". Станува збор за приказна, презентација и оценување на изработени пекарски производи од вредните раце на претставничките на Здружението ,,Анри Динан" кое делува во состав на неготинскиот Црвен крст на кои им асистираа ученички од СОУ,,Св.Кирил и Методиј" од нашиот град. Изработените производи ќе бидат оценувани од 3-члена стручна комисија, а наедно ќе бидат и послужени за време одржувањето на Денот на вранецот. Од страна на организаторот на сите учеснички им беа доделени благодарници.
Повеќе...
 
Етно-работилница на ракотворби и декорации PDF Печати
   Во Музејот на град Неготино беше отворена етно-работилница на декорации и ракотворби инспирирани од грозјето и виното. Присутните на настанот имаа можност да ги разгледаат изработките од страна на штитениците во дневниот центар Порака и од Здружението на слепи лица од Неготино со асистенција на млади волонтери од неготинскиот Црвен крст. Изложбата ја отвори директорот на Музејот Ристе Марков, а претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов на учесниците им врачи благодарници. Изработените ракотворби и декорации ќе бидат изложени на штандови во среда 14 февруари на централната свеченост по повод празникот Св. Трифун која ќе се одржи на градскиот плоштад во Неготино.
Повеќе...
 
Претставени можностите за користење на виното и грозјето во козметиката PDF Печати

   Во рамките на бројните настани и активности кои се одржуваат во рамките на „Неделата на виното-Свети Трифун 2018г.“ во големата сала на локалната самоуправа во организација на општина Неготино и Трговското друштво ДООЕЛ Изида од Охрид се одржа едукативен настан чија целна група беа повеќе кагетории учесници како козметичари, физиотерапевти и други. На овој настан преку аудио и видео презентација пред присутните бешепретставена „вино терапијата“, како и можностите за користење на виното и грозјето во козметичката индустрија. Презентацијата ја реализираа Сузана Наумоска-дипломиран менаџер, лаборант, козметичар и естетичар како претставник на Спа изида од Охрид и професор д-р Ангела Василевска од Факултетот за туризам. Настанот беше искористен да се изврши и извлекувањето на 5 добитници на наградите кои ги обезбеди Спа изида, а по преходно рапишаниот оглас за пријавување на сите заинтересирани граѓани, со напомена дека наградените бесплатниот третман ќе можат да го искористат во текот на утрешниот ден (вторник 13.02.2018) во адаптиран простор за тоа во времето од 11 до 14 часот.

Повеќе...
 
Советодавен настан со индивидуални производители на вина и ракии PDF Печати

   По одржаната дегустација од страна на стручна комисија составена од енолози од Здружението на енолози на РМ на над 60 пристигнати мостри на вина и ракии од индивидуални производители, објавени се резултатите од истата и прогласени се најдорбите вина и ракии. Според оценките на комисијата во категоријата бели вина за најдобро е прогласено виното „Куве“ на производителот Тоше Николов, второто место го освои виното „Темјаника“ на Горан Ристов и на трето место се најде виното „Ризлинг“ на Коле Мицев. Во категоријата црни вина највисоки оценки доби и првото место го освои виното „Вранец“ на Ристе Миов, второ место освои производителот Зоран Марков, а трето место Горан Ристов и двајцата со вино „Вранец“. Во категоријата ракија за најдобар производител беше прогласен Милан Андов, второпласиран е Љупчо Јанчев, а третото место го освои мастиката произведена од Павле Петров. Денеска во големата сала на општина Неготино, а по завршувањето на дегустацијата и објавените резултати, се одржа советодавен настан со индивидуални производители на вина и ракии на кои од страна на стручни лица-енолози им беа презентирани насоки со единствена цел како да се дојде до поквалитетно производство на вина и ракии во домашни услови. Инаку, наградите на најуспешните ќе им бидат врачени во среда на 14-ти февруари на градскиот плоштад на централниот настан по повод празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 3 од 18