ЛЕР и јавни дејности
Проект општинско корисна работа „Развој на постојните и обезбедување на нови иновативни услуги во социјалната сфера во општина Неготино“ PDF Печати
   Од месец јуни до месец ноември 2015 по 4ти пат општина Неготино со поддршка на УНДП, АВРМ и МТСП го спроведува проектот Општинско корисна работа .Покрај 7 асистенти на воспитувачи во 7 рурални игрални за деца, со проектот овој пат е опфатен и Центарот за стари лица во с.Тимјаник, каде што исто така за ангажманот на лицето кое работи во Центарот поддршката е обезбедена преку овој проект.Дополнителна платена обука преку УНДП ќе биде обезбедена за ова лица во периодот октомври-декември во учество во обука за негователи за стари лица , по што лицето ќе се стекне и со соодветен сертификат  заради натамошна полесна вработливост на пазарот на трудот.
Во 7те игрални за деца во месец октомври се одржа втората работилница со родители од планираните 3 и тоа на тема,,Дисциплина,, и ,,Препознавање на семејно насилство,,при што се покажан голем интерес и присуство од страна на родителите на децата.
Повеќе...
 
Приватни сместувачки објекти во куќи, станови, и соби за издавање од физички лица PDF Печати

Приватни сместувачки објекти документи :

Барање за категоризација

Барање за упис во регистар

Процедура категоризација - општина Неготино

 

СМЕСТУВАЧКИ ОБЈЕКТИ:

  • Вила „Радица“
Адреса :„Ацо Аџи Илов“ бр.1 Неготино (Строг центар на град Неготино)
Тел. 075/455-085 или 075/240-442
Е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Одговорно лице за контакт : Радица Прематарова
Приватен сместувачки објект  Вила „Радица“ објект од 1(прва) категорија со 2 (две ѕвездички).
Располага со 5 (пет) соби каде секоја соба има по 2 лежаи.Секоја соба има сопствена бања,интернет,ТВ со кабловска и заедничка чајна кујна за сите соби.Не се дозволени миленици и нема паркинг простор.
Цена на ноќевање по особа/ден : 800-1000 ден.
За додатен лежај во соба: +50% од цената од особа/ден
 
 
 
 
  • Куќа „Ластрада“
Адреса: ул.„11-ти Октомври“ бр.82 Неготино (Индустриска зона Неготино)
Тел: 070/770-771
Одговорно лице за контакт: Тони Димов
Приватен сместувачки објект  Куќа „Ластрада“ објект од 1(прва) категорија со 2 (две ѕвездички).
Располага со 3 (три) соби каде секоја соба има по 2 лежаи.Секоја соба има сопствена бања,интернет,ТВ со кабловска, ,од кој едната соба располага и со сопствена кујна .Заедничко за сите соби е: Обезбеден паркинг простор за гостите на куќа „Ластрада“ ,заедничка чајна кујна за сите соби и тераса за одмор и релаксација.
Не се дозволени миленици.
Цена на ноќевање по особа/ден : 700-1000 ден.
За додатен лежај во соба: не е предвидено /
 

 

 

 

 
Советодавно-едукативни работилници во игралните во општина Неготино PDF Печати

   Во рамките на проектот општинско-корисна работа „Развој на постојните и обезбедување на нови иновативни услуги во социјалната сфера во општина Неготино, во 7-те игрални за предучилишни деца во населените места Тимјаник, Криволак, Пепелиште, Цр. Брегови, Д.Дисан, Тремник и Војашнци беше одржана советодавно-едукативна работилница со родителите и децата. Темата на оваа работилница беше „Сообраќај“ и е прва од планираните 3 од ваков карактер до крајот на годината. Овие работилници се одржаа на 13.07 во Криволак, на 14.07 во Пепелиште, Тимјаник, Цр. Брегови и Војшанци ина 15.07 во Тремник. Преку овие работилници, покрај воспитно-едукативната компонента со родителите на децата, воспитувачите и асистентите се развива и отворена комуникација и соработка со средините каде што функционираат овие игрални и претставуваат иновативна социјална услуга која се одржува веќе четврта година по ред и тоа со средства обезбедени од општинскиот буџет и со средства обезбедени од УНДП, АВРМ И МТСП во делот на дополнителен помошен кадар. Инаку, игралните во овие средини ги посетуваат околу 110 деца на возраст од 3,5 до 5,5 години.

Повеќе...
 
Список на лица претставници од општините во Вардарски плански регион, одговорни за помош и информации на студентите од регионот PDF Печати
Список на лица претставници од општините во Вардарски плански регион, одговорни за помош и информации на студентите од регионот
 
До крајот на Јуни може да се аплицира за семејства-домаќини на членови на мировниот корпус на САД PDF Печати

Флаер

Апликација

 
ЈАВЕН ОГЛАС PDF Печати

ЈАВЕН ОГЛАС

за

Работно ангажирање на невработени лица-активни баратели на работа

1.     Се повикуваат невработените евидентирани лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд и од другите ранливи категории,кои се заинтересирани за ангажирање во сферата на социјалната заштита за потребите на граѓаните од Неготино, да се пријават во работниот клуб на Центарот за вработување на АВРМ – Неготино во периодот од 15.05-22.05.2015( 8 дена).

2.     Ангажирањето во сферата на социјалната заштита е на определено скратено работно време со склучување на договор за работно ангажирање во период од 6 месеци за што ќе се исплаќаат по 6200,00 ден. за лице месечно за 20 работни часа седмично, со вклучени персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

 

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 5 од 14