ЛЕР и јавни дејности
Делегација од Алмопиа оствари работна посета на Неготино PDF Печати

   Деновиве во работна посета на општина Неготино престојува четиричлена делегација од Алмопиа-Грција предводена од градоначалникот Димитрис Мпинос која покрај следењето на настаните од празникот на лозарите, оствари и средба со градоначалникот Ванчо Апостолов на која беа разменети предлози и мислења за меѓународна соработка. А една таква соработка е веќе во тек и тоа проект преку ИПА програмата за прекугранична соработка „Поддршка и развој на економијата преку пчелно производство“. Претставниците на двете општини на остварените средби заклучија дека имаат големи можности и потенцијали за идна соработка и тоа во повеќе сфери, а разменија и корисни информации, како и предлози за натамошна соработка и партнерство меѓу Неготино и Алмопиа по основа на разни други достапни програми.

Повеќе...
 
Започна пријавувањето за дегустација на вина и ракии PDF Печати
  И оваа година во рамките на одбележувањето на празникот „Свети Трифун“ и организирањето на „Неделата на виното“ ќе биде организирана дегустација-натпревар во вино и ракија на индивидуални производители од нашата општина, како и дегустација на вина произведени од винарски визби. Организаторите ги информираат сите заинтересирани граѓани кои со свои производи сакаат да учествуваат на овој натпревар дека е потребно да донесат по 2 мостри од вината и ракијата најдоцна до 10.02.2015 г. (вторник) кај лицето Ивица Златковиќ во просториите на општина Неготино на 3-ти спрат, а контакт и поблиски информации можат да остварат и да добијат  на телефонскиот број 072-320-833. Дегустациите во двете категории ќе се одржат на 12 и 13 февруари, а мострите ќе бидат оценувани од стручна комисија составена од енолози од Здружението на енолози на Република Македонија. На производителите на најдобрите вина и ракии наградите ќе им бидат врачени на централната прослава на празникот „Св. Трифун“ на градскиот плоштад во Неготино во сабота на 14 февруари.
Повеќе...
 
Доделени потврди за успешно реализирана Општинско Корисна Работа-Промовирање на одржливи вработувања III во општина Неготино PDF Печати

  Во периодот јуни –ноември 2014 година по трет пат во општина Неготино успешно беше спроведен Проектот Општинско Корисна Работа-Промовирање на одржливи вработувања III во соработка со УНДП,АВРМ ,МТСП и општина Неготино .За таа цел на 7те ангажирани лица им беа издадени и потврди од градоначалникот на општина Неготино за нивниот успешен ангажман во оваа програма.
Проектот,,Функционирање на игрални за деца од предучилишна возраст во 7 рурални средини на општина Неготино,, како социјален сервис во сферата на детската заштита продолжува и во 2015 година со средства обезбедени од буџетот на општина Неготино, бидејќи од досегашното негово функционирање се покажа дека истиот е од огромна важност за општина Неготино, а посебно за руралните средини.Истовремено овојпат со средства од буџетот на општина Неготино, покрај 7те ангажирани воспитувачи , испланирани се и средства за 7 те асистенти за периодот јануари-јули 2015 година ,кои досега беа ангажирани преку програмата  Општинско Корисна Работа.
Земајќи ги во предвид сите досегашни напори на општина Неготино за одржливост и функционирање на овој сервис, се надеваме дека преку Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување во 2015 година, доколку се продолжи со Програмата Општинско Корисна Работа, ќе имаме можност да обезбедиме дополнителни средства за преостанатите 6 месеци во 2015 година,со што 7те лица асистенти ќе бидат ангажирани до крајот на следната година.
На тој начин  услугите во овој социјален сервис за предучилишни деца од руралните средини би добиле во квалитет и олеснување во секојдневната  грижа и работа со  децата.


 

 
Повик за стипендирање PDF Печати

Конзулатот на Република Унгарија во Македонија достави информативен материјал до општините од Република Македонија  со цел истите да бидат достапни и проследени  во јавноста.

Информативниот материјал се однесува на    Програмата за Школарина на  Унгарската Влада за Академската 2015-2016 година која објавува повик за стипендирање и поддршка на заинтересирани лица за Магистерски студии на 3 Универзитети во Унгарија  кои ќе се спроведуваат на Англиски јазик во следниве области:

1.Животинска исхрана и безбедност на храната
2.Заштита на рaстенијата
3.Рурален развој и агробизнис

Подетално околу условите на повикот  и начинот на аплицирање  можете да се запознаете преку достапните документи  на веб страната на општина Неготино
www.negotino.gov.mk

-Опис на Програмата за школарина
-Е-маил процедура за аплицирање

2015_Application_Form

2015_Hungary_Course_Description

 
ПОКАНА ЗА ОБУКА ЗА ОСНОВИ НА ЛОЗАРСТВО И ЕНОЛОГИЈА PDF Печати

ПОКАНА ЗА ОБУКА ЗА ОСНОВИ НА ЛОЗАРСТВО И ЕНОЛОГИЈА (СОМЕЛИЕРИ)
Датум: 20 и 21 декември (сабота и недела)
Време на почнување: 10.00 часот
Место на одржување: Хотел Фени, Кавадарци


Проектот "Поттикнување на одржливи врски и развој на кластери во македонската туристичка индустрија" кој Агенцијата за Индустриски Развој на Обединетите Нации (UNIDO, www.unido.org) , го имплементира заедно со Министерството за економија на Република Македонија, во Тиквешкиот регион и регионот на Охридското езеро, организира ОБУКА ЗА ОСНОВИ НА ЛОЗАРСТВО И ЕНОЛОГИЈА (СОМЕЛИЕРИ) во Кавадарци.

Покана

 
Прашалник за население PDF Печати

Почитувани,
Со цел да се оцени мислењето на населението на општината, за состојбите и насоките за развој на општината, консултантскиот тим од Економскиот Институт Скопје, Ви  доставува краток прашалник од 10 прашања кој може да го пополните на следниот линк (врска):

Неготино

https://www.surveymonkey.com/s/Q6GNKLR
 
Прашалникот е дел од процесот на истражување и претставува основа за Стратегијата за Локален економски развој (ЛЕР) за општина (Велес, Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија, Градско, Лозово).
Ви гарантираме дека сите информации се доверливи и дека ова Истражување има исклучиво истражувачка цел и никаква комерцијална или друга намена.
Ве молиме да го пополните анкетниот прашалник најдоцна до 27 Август 2014 година.
 
Со почит
Проф Д-р Билјана Ангелова, Тим лидер за изработка на Стратегиите за ЛЕР
Директор
Економски институт - Скопје

 
Замена на надворешни прозорци и врати во клон „Мајски цвет“ PDF Печати
  Од 4  до 27 август ќе се изврши промена на старите и дотрајани надворешни  врати и прозорци  со нови во клон „Мајски цвет“ од ЈОДГ „Фемо Кулаков“во Неготино. Оваа е потреба која подолг временски период општина Неготино заедно со менаџментот на установата го има согледано како приоритетна потреба и континирано го презентира пред разни донатори и расположливи фондови. Како резултат на  досегашната успешна соработка со Амeриканската Амбасада се наиде на разбирање и помошта е обезбедена  преку Humanitarian Civic Assistance (Хуманитарна граѓанска помош) од фондови на програмата „Humanitarian assistance“ на Европската команда на Американската војска. Војници од 412(TEC-theater enginering command) ќе претстојуваат во Неготино во периодот од 4-27 август  додека траат и изведбените активности. Во изведбата ќе бидат вклучени војници од Американскaта војска и од Армијата на Република Македонија.Вредноста на оваа пoмош изнесува околу 35.000 $.
Во Македонија помошта е претставувана преку канцеларијата за воена соработка на Амбасадата на САД во Скопје.
Решавањаето на проблемот со замена на старите надворешни врати и прозорци  со нови алуминиумски ќе значи и чекор повеќе кон остварување на мерките за  енергетска ефикасност и заштеда на енергија во општинските установи, што е воедно и дел од Акциониот план за енергетска ефикасност на општина Неготино.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 7 од 14