Соопштенија
ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2020 за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Неготино за купување велосипеди за 2020 година PDF Print
There are no translations available.

О П Ш Т И Н А    Н Е Г О Т И Н О
Градоначалникот на општина Неготино врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ“ бр.05/2002) и согласно Програмата за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2020 година бр.08-685/7 од 30.12.2019 година („Службен гласник на општина Неготино“  бр.18/2019)  објавува
ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2020 за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Неготино за купување велосипеди за 2020 година

Read more...
 
Седница на Совет на општина Неготино 18.05.2020 година PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува    триесет и седмата      редовна седница на Советот на општина Неготино.
    Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 18.05.2020 година   (понеделник) во  12,00 часот.
    За седницата го предлагам следниот

                               Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2020 година
2.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Неготино
3.    Предлог – Одлука за донесување на измена и дополнување на детален урбанистички план за УЗ 1 дел од блок 3, КО Неготино , Општина Неготино  
4.    Предлог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација
5.    Предлог- Заклучок за усвојување на Извештајот за извршување на Програмите на општина Неготино за 2019 година
6.    Предлог – Заклучок за усвојување на првиот квартален извештај на извршување на Буџетот на општина Неготино за 2020 година
7.    Предлог – Решение за давање согласност на Статутот на ООУ ,,Страшо Пинџур,, Неготино
8.    Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2021 година на ООУ ,,Гоце Делчев,, Неготино
9.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ОУ Музеј на град Неготино
10.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење ,,Неготино,,- Неготино за 2019 година
 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Print
There are no translations available.

Поради дефект на водоводна линија главен крак кон винарска визба „Повардарие“ без водоснабдување ќе бидат деловните субјекти од тој дел на градот :
- Автобуска станица „Дајо турс“
- Хотел и бензинска пумпа „Памела
- „Мак-Петрол“ бензински пумпи
- „Македонија пат“
- „Дуки Дасо“
- „Елград“
- „ Матрез“
- „Фрукта“



датум                                                              Ј.П.„Комуналец“- Неготино
07.05.2020г.
 
СООПШТЕНИЕ !!! PDF Print
There are no translations available.

  Заради изведување на градежни активности на улица во село Тремник во должина од 1000 метри , во моментов сообраќајот привремено е затворен. Апелирам локалните жители но и сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено воведениот режим и да го користат алтернативниот пат кој се наоѓа на неколку метри од главниот влез.
 
Патот од Криволак до мостот пред Армискиот полигон до 1 мај ќе биде затворен за сообраќај PDF Print
There are no translations available.

  Општина Неготино ги информира сите граѓани дека поради изведување на градежни работи, од утре (вторник 28.04) до петок (1 мај) затворен за сообраќај ќе биде локалниот патен правец од селото Криволак до железниот мост пред Армискиот полигон Криволак. Се известуваат моторизираните граѓани кои досега го користеа овој патен правец за движење со возила, од утре до петок движењето да го пренасочат по околните споредни патишта. По завршувањето на градежните активности, ќе се нормализира и движењето по овој патен правец.

 
Седница на Совет на општина Неготино 14.04.2020 година PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува   триесет и шестата   редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 14.04.2020 година   (вторник) во  12,00 часот.
За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д


1.    Предлог – Решение за доделување на финансиска подршка врз основа на направената распределба на средства на спортски клубови /сојузи од Буџетот на општина Неготино за 2020 година
2.    Предлог – Одлука за начинот и критериумите за примање и распределба на донации поврзани со коронавирусот  COVID 19  
3.    Предлог- Одлука за вклучување на општина Неготно во проектот  ,,Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој ,, со акроним ,,wine-up,,
 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Print
There are no translations available.

Се известуваат потрошувачите од Неготино дека поради сериозноста  на дефект на главен цевковод    Ф 315 кон Неготино и санирање на истиот можно е да се јават прекини во водоснабдувањето и денес во периодот од 10 до 15 часот на 19.03.2020 г. (четврток).
Молиме за разбирање.

датум                                                              Ј.П.„Комуналец“- Неготино
19.03.2020 г.

 
Препораки од општина Неготино до населението во интерес на јавното здравје PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино ги известува граѓаните од нашата општина дека во врска со препораките од Владата, во интерес на јавното здравје и преземање мерки и активности за превенција и заштита од ширење на корона вирусот, се советува да се редуцираат посетите во просториите на локалната самоуправа. При евентуална посета на општината, се препорачува да се избегнуваат директни контакти при поздравување со вработените и да се избегнува долго задржување во просториите, како и да се одржува пристојно растојание од најмалку 1 метар при средба/разговор со вработените или останатите присутни. Исто така се препорачува, доколку тоа е можно, граѓаните своите потреби од услуги од општината да ги остварат најпрво преку телефонски контакт на бројот 043-361-045 или по електронски пат, а доколку доаѓањето во зградата на општината е неопходно, документацијата, барањата и слично да се доставуваат во просторијата на Граѓанско информативниот центар лоциран во приземјето на зградата на локалната самоуправа. Општина Неготино Ви благодари за препознавањето на важноста на заштитата на сопственото здравје, како и на здравјето на другите и за придржувањето кон овие упатства.


 
До 31-ви март на АП Криволак ќе се изведуваат вежбовни боеви активности PDF Print
There are no translations available.

   Поради безбедносно изведување на планираните вежбовни активности, Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот до 31-ви овој месец на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Стрелиштето на кое ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе биде видно одбележано согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.

 
Вонредна седница на Советот на општина Неготино 28.02.2020 година PDF Print
There are no translations available.

Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е За свикување на осматта    вонредна  седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 28.02.2020 година ( петок)  во 15.00  часот.
За седницата го предлагам следниот


                                                Д Н Е В Е Н  Р Е Д

1.    Предлог – Акционен план за реализација на активности од енергетска ефикасност на општина Неготино за 2020 година      
2.    Предлог – Одлука за определување на ширина на крајбрежен појас на река ,,Неготинска река,, во опфатот на Генералниот урбанистички план за Неготино
 
С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Предлог - ДУП за УЗ 3 дел од УБ 3.1 (помеѓу улиците „Едвард Кардељ“, „Енгелсова“, „Македонски Бранители“ и Обиколница), општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2020 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:


С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Предлог - ДУП за УЗ 3 дел од УБ 3.1 (помеѓу улиците „Едвард Кардељ“, „Енгелсова“, „Македонски Бранители“ и Обиколница), општина Неготино


Граници на опфатот сe: на север по осовината на улица " Едвард Кардељ", на исток по осовината на улица „Енгелсова”, на југ осовината на улица "Македонски Бранители” и на запад е осовината на Обиколницата.
Опфатот е со површина  од  1,7 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог- ДУП за УЗ 3 дел од УБ 3.1 (помеѓу улиците „Едвард Кардељ“, „Енгелсова“, „Македонски Бранители“ и Обиколница), општина Неготино со технички број  04-53/2020 од  февруари, 2020 година, изработен од Трговско друштво за проектирање инженеринг градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  28.02.2020 година  до 12.03.2020 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 03.03.2020 година  во  14:00 часот во просториите на општина Неготино.
 
 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Page 2 of 23