ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Пријави проблем

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Службен гласник

Моја - општина

Beeconomy

Соопштенија
До 30-ти април вежбовни боеви активности на полигонот Криволак PDF Печати

  Поради безбедносно изведување на планираните вежбовни активности, Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот до 30-ти овој месец (април) на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кое ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.

 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2019 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:


                                                                                                С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Предлог -ДУП за урбана заедница 4 дел од урбан блок 4.2 (помеѓу улиците ,,Маршал Тито", ,,Ѓорѓи Димитров Вешката", ,,Киро Крстев", ,,Едвард Кардељ", ,,Борис Кидрич" и ,,ЈНА"), општина Неготино


Граници на опфатот сe: на север е улица ,, Маршал Тито”, на запад улица ,,Борис Кидрич" и ,,ЈНА", на југ, улица ,,Едвард Кардељ" и ,,Киро Крстев" и на исток ,,Ѓорѓи Димитров Вешката" и крак на улица ,, Маршал Тито”.
Опфатот е со површина  од  4,8 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог-ДУП за урбана заедница 4 дел од урбан блок 4.2 (помеѓу улиците ,,Маршал Тито", ,,Ѓорѓи Димитров Вешката", ,,Киро Крстев", ,,Едвард Кардељ", ,,Борис Кидрич" и ,,ЈНА"), општина Неготино, со технички број  55/18 од  март  2019 година , изработен од ДПТИ „УРБАН ПРОЕКТИНГ“  дооел Велес, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  21.03.2019 година  до 03.04.2019 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 22.03.2019 година  во  09:00 часот во просториите на општина Неготино.

 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2019 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:


                                                                                                       С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Измена и дополнување на ДУП за УЗ 5-дел од блок 1, КО Неготино, Општина Неготино  (помеѓу улиците ,, Владо Арсов Шпанац”, ,,Тимјаничка”, улица "8-ми Ноември" и улица ,,Киро Крстев")


Граници на опфатот сe: на север е улица ,, Владо Арсов Шпанац”, на југ улица ,, Тимјаничка”, на запад улица "8-ми Ноември" и на исток, улица ,,Киро Крстев".
Опфатот е со површина  од  2,69 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Измена и дополнување на ДУП за УЗ 5-дел од блок 1, КО Неготино, Општина Неготино,  со технички број 03-47/15 од  февруари,  2019 година, изработен од ДООЕЛ ,,НИМАЕР”  Струга д.е Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  21.03.2019 година  до 03.04.2019 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 27.03.2019 година  во  13.00 часот во просториите на општина Неготино.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2019 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:


                                                                                                       С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Измена и дополна на Детален урбанистички план за урбана заедница 5- урбан блок 5.1, Општина Неготино (помеѓу улиците Браќа Миладиновци, „Ида Бенчиќ, 8 Ноември и „Владо Арсов Шпанац)-ОПФАТ 1

Граници на опфатот сe: на север е улица ,, Владо Арсов Шпанац”, на југ улица Ида Бенчиќ”, на запад улица "Браќа Миладиновци" и на исток, улица ,,8 Ноември".
Опфатот е со површина  од  1,71 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Измена и дополна на Детален урбанистички план за урбана заедница 5- урбан блок 5.1, Општина Неготино (помеѓу улиците Браќа Миладиновци, „Ида Бенчиќ, 8 Ноември и „Владо Арсов Шпанац)-ОПФАТ 1, изработен од  ДООЕЛ „НИМАЕР“  -Струга  д.е. Скопје, со технички број 03-46/15 од февруари 2019 година, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  21.03.2019 година  до 03.04.2019 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 26.03.2019 година  во  13.00 часот во просториите на општина Неготино.
 
Седница на Совет на општина Неготино 13.03.2019 година PDF Печати
   Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува    дваесет и четвртата    редовна седница на Советот на општина Неготино. 
Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 13.03.2019 година   (среда ) во  15,00 часот.
За седницата го предлагам следниот                                                                                  
                                                                         Д Н Е В Е Н   Р Е Д 

1. Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2019 година 
2. Предлог-  Програма за изменување и дополнување на Програмата за поставување урбана опрема- рекламни паноа на подрачјето на општина Неготино 
3. Предлог- Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместоците што се плаќаат за користење на општинските јавни патишта
4. Предлог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација  
5. Предлог –  Одлука за промена на седиштето на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино  
6. Предлог- Одлука за промена на статутот на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино
7. Предлог- Одлука за изготвување на пречистен текст на статутот на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино  
8. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ОУ Музеј на град Неготино 
9. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот финансов извештај на ОУ Музеј на град Неготино за 2018 година
10. Предлог- Заклучок за усвојување на Извештајот за работа на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење ,,Неготино,, за 2018 година
11. Предлог- Заклучок за усвојување на Извештајот за извршување на Програмите на општина Неготино за 2018 година  
12. Предлог- Заклучок за усвојување на извештајот за извршениот попис на општина Неготино за 2018 година
13. Предлог- Решение за разрешување и именување членови и УП на ЈКП Комуналец Неготино 
14. Предлог- Одлука за проширување на средства на Буџетот на општина Неготино за 2019 година
15. Предлог- Заклучок за усвојување на Извештајот по завршна  сметка на ЈКП Комуналец Неготино за 2018 година
16. Предлог- Одлука за одобрување на Извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање за доспеани и неплатени обврски за општина Неготино
17. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната сметка на Буџетот на општина Неготино за 2018 година 

 
Ќе се казнуваат несовесните граѓани кои фрлаат отпад на несоодветни места за тоа PDF Печати
   Од локалната самоуправа ги информираат граѓаните на општина Неготино дека е започната координирана активност за интензивно присуство на комуналните редари на терен, нивно интервенирање и изрекување соодветни казнени мерки за секое лице кое ќе биде затекнато како фрла отпад на несоодветни места за тоа, односно на диви депонии и локации надвор од градот. Се апелира до населението, доколку имаат потреба, отпадот да го носат на соодветна локација за тоа,а за помош и поддршка слободно можат да се обратат до општинските комунални редари. Исто така, со цел за елиминирање на појавата на неконтролирано исфрлање на отпадот, се апелира до граѓаните ако забележат, да пријават фрлање на отпад на несоодветна локација и доколку се во можност тоа да го документираат со фотографија. Секој граѓанин може да пријави неправилности на телефонските броеви на општинските комунални редари 078/484-953 и 078/213-814 кои ќе излезат на терен, ќе ја согледаат фактичката состојба и доколку е потребно, ќе преземат соодветни дејства и ќе изречат казнени мерки.
 
До 31-ви март вежбовни боеви активности на полигонот Криволак PDF Печати

   Поради безбедносно изведување на планираните вежбовни активности, Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот до 31-ви  овој месец на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луже, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Стрелиштето на кое ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе биде видно одбележано согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.

 
Поради дефект, без вода се потрошувачите од „Висока зона“ во Неготино PDF Печати

   Од Јавното комунално претпријатие „Коминалец“ информираат дека потрошувачите од Неготино кои со вода за пиење се снабдуваат од „Висока зона“ дека поради настанат дефект на транзитниот цевковод Ф 200 ќе има прекин во водоснабдувањето  денеска, петок 1-март. Екипи на „Комуналец“ се на терен и работат на отстранување на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето.

 
 
Седница на Совет на општина Неготино 27.02.2019 година PDF Печати
Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува    дваесет и третата    редовна седница на Советот на општина Неготино. 
Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 27.02.2019 година   (среда ) во  16,00 часот.
За седницата го предлагам следниот 

                                                                  Д Н Е В Е Н   Р Е Д 


1. Предлог- Правилник за постапката и критериумите за распределба на средства за остварување на јавниот интерес во спортот
2. Предлог-  Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2019 година 
3. Предлог- Заклучок за усвојување на Акциониот план за енергетска ефикасност на општина Неготино
4. Предлог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација  
5. Предлог –  Решение за давање на согласност на годишниот план за вработување за 2020 година на Локална библиотека ,,Страшо Пинџур,, Неготино  
6. Предлог- Решение за давање согласност на годишниот план за вработување за 2020 година на СОУ ,,Св.Кирил и Методиј,, Неготино
7. Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година на ООУ ,,Гоце Делчев,, Неготино  
8. Предлог – Решение за давање на согласност на годишниот план за вработување за 2020 година на Општинска установа Музеј на град Неготино 
9. Предлог- Решение за давање согласност на Критериумите за вдомување на бездомни лица на територијата на општина Неготино
10. Предлог- Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на јавните службеници за 2019 година  
11. Предлог- Заклучок за усвојување на Финансовиот извештај на ООУ ,,Гоце Делчев,,Неготино 
12. Предлог- Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Неготино за 2019 година
13. Предлог- Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Неготино за периодот октомври-декември 2018 година

 
Поради настанат дефект, дел од Неготино без вода за пиење PDF Печати

ЈП Комуналец  од Неготино ги информира потрошувачите на вода кои живеат на улиците Кирил и Методиј, 25 Мај и Марксова, како и дел од улиците Борис Кидрич, Пиринска, Вардарска, Ѓоко Мишев и Вано Ташев дека поради дефект на главната цевка на улица Марксова денеска (вторник) и утре претпладне (среда 12.02.2019) ќе имаат прекин во водоснабдувањето. Екипи на Комуналец се на терен и денеска и утре ќе работат на отстранување на дефектот и нормализирање на водосндбувањето.

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 3 од 18