Соопштенија
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со изработката на  Нацрт - Детален  Урбанистички план  за дел од УБ 9.1„ИНДУСТРИСКА ЗОНА“ во Неготино  дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање   на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

По Нацрт - Детален  Урбанистички план за дел од УБ 9.1 „ИНДУСТРИСКА ЗОНА“ Неготино со тех.број 01-03/2015 од април 2015 година изработен од ,,Архиконс Јован ДООЕЛ Кавадарци, кој е утврден од Советот на Општина Неготино на седница одржана на 06-07-2015  год.

 Опфатот на планот е 2,8175 ха со граници:
На север,,постојна сообраќајница од индустриска зона
-на југ .,,индустриска зона ,,
-на исток ул.,,Маршал Тито
-на запад ,, училишен центар

Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 10 работни  дена од   10-07-2015 до 23-07-2015 год.  секој работен ден од 08 до 16 часот.
 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 16-07-2015 год.во големата сала на Општина Неготино во 13 и 30   часот.  
 
Соопштение PDF Печати
 Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со изработката на плановите
1.- Нацрт -Локална урбанистичка планска документација за  E2 –комунална супраструктура, на кп265,м.в. ,,РУДИНА,, КО Војшанци Општина  Неготино  
 2.    Нацрт- Локална урбанистичка планска документација за Г2 – лесна и незагадувачка индустрија на КП 11664, КП 11665, КП11666, КП 11668, КП 11669, КП 11670, КП 11884, КП 11885, КП 11886, КП 11887/1 и КП 11888, КО Неготино, Општина Неготино  
 Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлуки за организирање  на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА
     1.  По Нацртот- Локална урбанистичка планска документација за E2 –комунална супраструктура, на кп265,м.в. ,,РУДИНА,, КО Војшанци Општина  Неготино   со тех.бр.07-12/14 од  јуни 2014 изработен од  АРХИКОНС Јован ДООЕЛ  Кавадарци.
     2.  По Нацртот- Локална урбанистичка планска документација за Г2 – лесна и незагадувачка индустрија на КП 11664, КП 11665, КП11666, КП 11668, КП 11669, КП 11670, КП 11884, КП 11885, КП 11886, КП 11887/1 и КП 11888, КО Неготино, Општина Неготино со тех.бр.05-11/14 од  јануари 2015 изработен од  АРХИКОНС Јован ДООЕЛ  Кавадарци.
       
Нацртот на плановите со графичкиот прилози ќе бидат изложени  во просториите на Општина Неготино, 5 работни  дена од   09 -07 -2015 до 16-07-2015 год. секој работен ден од 08 до 16 часот.
 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот,конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки, предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .
Јавна презентација на Нацртот на плановите ќе се одржи на 16-07-2015 год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.        
 
Покана за прибирање на понуди PDF Печати

Покана за прибирање на понуди
Република Македонија
Проект за подобрување на општинските услуги (МСИП)
Заем бр.8158-МК
MSIP-ICB-017-15

1.Овој повик за прибирање на понуди е во согласност со општите правила за набавки за овој проект објавени во изданието на ОН Развој на бизнис со бр.767 од 31 Јануари 2010 година (печатено издание) и електронски објавено на 06 Јануари 2010 година.

2.Република Македонија прими заем од Светска банка за спроведување на Проектот за подобрување на општинските услуги и има намера да употреби дел од средствата за плаќања според Договорот за набавка на работи.

3.Општина Неготино ги поканува сите заинтересирани и квалификувани понудувачи да достават запечатени понуди за Реконструкција на водоснабдителниот систем во општина Неготино.
Периодот на изведба на работите е 9 (девет) месеци.

4.Наддавањето ќе се спроведува преку меѓународно кокурентско наддавање како што е специфицирано во насоките на Светска банка: Набавки согласно IBRD заеми и IDA кредити (верзија Јануари 2011) и е отворено за сите понудувачи од квалификувани земји како што е дефинирано во тендерската документација.

5.Заинтересираните квалификувани понудувачи можат да добијат дополнителна информација на адресата наведена подолу од 08:00 до 15:30:
Општина Неготино
Адреса: Ул.„Ацо Аџи-Илов“ бр.2, Неготино
Поштенски број: 1440
Телефон: 043 361-045 / Факс 043 361-933
Електронска пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Република Македонија

Повеќе...
 
Municipal Services Improvement Project - MSIP PDF Печати

Republic of Macedonia

Municipal Services Improvement Project - MSIP

Loan Nо. 8158-МК

MSIP-ICB-017-15
1. This call for bids follows the general procurement notice for this project published in the edition of the UN Development Business, with a No.767, from January 31, 2010 (printed edition) and published electronically on January 6th, 2010.

2. The Republic of Macedonia has received a loan from the International Bank for Reconstruction and Development, for the Project for improvement of municipal services and it intends to apply part of the proceeds of this loan to payments under the Contract for procurement of construction services 
3. Municipality of Negotino invites all eligible and qualified bidders to provide sealed bids for the reconstruction of a water supply system in municipality of Negotino.
The period for delivery / performance of Works is 9 (nine) months
4. The process of bidding will be conducted through a international competitive bidding as specified in the World Bank's Guidelines: Procurement under IBRD Loans and IDA Credits, (version January 2011)) and it is opened to all bidders from eligible countries as defined in the bidding documentation.
5. Interested eligible bidders may obtain further information at the address provided below from 08:00 to 15:30:
Municipality of Negotino
Address: Aco Agji-Ilov Street, No. 2, Negotino
ZIP Code: 1440
Phone: 043 361-045 / Fax: 043 361-933
Electronic mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Republic of Macedonia       
  

Повеќе...
 
Соопштение PDF Печати
ОПШТИНА  НЕГОТИНО
Соопштение до јавноста

Општина Неготино ja известува заинтересираната јавност дека e доставен извештајот за Стратегиска оцена на животната средина на   Локална урбанистичка планска документација за Г2-лесна и незагадувачка индустрија на КП 11664,КП 11665,КП11666,КП 11668, КП11669, КП 11670, КП 11884,КП 11885,   КП 11886, КП 11887/1, КП 11888 КО Неготино Општина Неготино    со тех.број .12-05/2015година  ,koja e достапна за увид од  01.06.2015 година до  01.07.2015 година во просториите на Општна  Неготино ул.Ацо-Аџи Илов" 2, секој работен ден од  08,00 do 16,00 часот.
    По увидот, заинтересираните граѓани , невладини и други организации  можат да ги достават своите забелешки и сугестии  по однос на  студијата во писмена форма до одговорните лица за контакт во Општина Неготино  до  01.07.2015  година.
    Во општна Неготино, може да го најдете  извештајот за стратегиската оцена на животна средина на  Локална урбанистичка планска документација за Г2-лесна и незагадувачка индустрија на КП 11664,КП 11665,КП11666,КП 11668, КП11669, КП 11670, КП 11884,КП 11885, КП 11886, КП 11887/1, КП 11888 КО Неготино Општина Неготино ,  со тех.број  12-05/2015година    од мај 2015 година.    
    На  01.07.2015 година ќе се одржи јавна расправа   по извештајот за стратегиска оцена на зивотна средина во просториите на Општина Неготино во  13 часот .

Контакт лице :
Лилјана Нечева
Општина  Неготино
Улl. "Ацо Аџи Илов " 2, 1440 Неготино
Тел 043/361 045 лок.. 028
 
ПОД-ПРОЕКТ „РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО“ PDF Печати
Општина Неготино преку Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Светска банка, обезбеди финансиски средства за реализација на под-проектот „ реконструкција на водоводната мрежа во општина Неготино„.
Имплементацијата на проектот предвидено е да трае 9 месеци.
Проектот предвидува : Реконструкција на 10 водоводни линии во општина Неготино и изградба на нов резервоар. Водоводните линии ќе се реконструираат во град Неготино,додека новиот резервоар ќе се изгради во населбата Тимјаник. Вкупната должина на која ќе се реконструираат водоводните линии изнесува 3,903,00 метри.Реконструкцијата на постоечките водоводни линии ќе се врши со замена на старите азбест цементни цевки со нови полиетиленски цевки со различна должина и дијаметар со притисок од 10 бари.
Локацијата на водоводните цевки е по должината на 10 улици во градот Неготино.Новите ПВЦ цевки ќе бидат поставени во ровови 0.8m ширина и длабочина 2м. На дното на секој ров ќе биде поставен песок во висина од 10 см , проектот предвидува и изградба на шахти за воздушни вентили ,отпусни вентили, и хидранти за пожар.

Подетални информации околу самиот под-проект се презентирани во Проектниот докумет кој во електронска форма може да го пронајдете на следниов линк Проектен документ или пак директно може да го  контактирате  лицето Зоран Лазов-070/306-633 Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Печати

Ј.П.„Комуналец“ – Неготино ги известува граѓаните дека од ден 07 мај (вторник) отпочна со пуштање на водата од системот за полевање на дворните површини – технолошка вода. Ги замолуваме граѓаните да си ги проверат дворните инсталации и да ги доведат во исправна состојба.

                                                                                                                               Ј.П.„Комуналец“- Неготино

 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Печати
Ј.П.„Комуналец“ – Неготино ги известува граѓаните на општината кои со вода за пиење се снабдуваат од водоснабдителниот систем „ЛУКАР“, декa поради активности на главниот, доводен цевковод заради санирање на дефект на ден 29.04.2015 г. ќе има прекин во снабдувањето со вода од 10 до 13 часот.
Ги молиме граѓаните за разбирање.
 
Соопштение PDF Печати
Врз основа на член 9 од Правилникот за условите ,начинот и постапката за издавање под закуп на фискултурна сала,училишен двор,училници и училишна кантина во сопственост на ООУ Гоце Делчев Неготино и Одлуката донесена од страна на Училишниот одбор при ООУ Гоце Делчев Неготино,Комисијата за издавање на деловен простор под закуп на ден 09.04.2015  година објавува
 
О  Г  Л  А  С    З  А   Ј  А  В  Н  О    Н А Д А В А Њ Е
               Предмет на јавно наддавање е издавање на неадаптирана просторија во ПУ с.Долни Дисан  во површина од 18,56 м2 за сендвичара согласно просторните и техничките услови.
              Цената за издавање на неадаптираната просторија изнесува 2.500,00 денари месечно.
            Право на учество во делот на просторијата  има секое регистрирано правно лице,кое ќе приложи доказ-извод од Централен регистар на Р.М.
            Огласот трае 3 дена од денот на објавувањето.
             Понудите треба да се достават во рок од 3 дена од денот на објавувањето на адреса ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Неготино ул.Маршал Тито бр.117 или во просториите на училишетето.
 
                                                                                            ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Неготино
                                                                             Комисија за издавање на деловен простор под закуп
 
„Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ утре и во Неготино PDF Печати

   Акцијата препознатлива по својата масовност „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ во текот на утрешниот ден среда ( неработен ден ) ќе се реализира и на подрачјето на општина Неготино со засадување на дрвца на повеќе локации однапред утврдени од страна одговорните во локалната самоуправа, а во соработка со ЈП Македонски шуми.  Дел од оваа масовна аккција ќе се спроведе и на територијата на општина Неготино со садење на багрем и чемпрес обезбедени во соработка со ЈП Македонски шуми на локацијата, место викано, Падината кај Прждево во која ќе бидат вклучени професори и ученици од средното и основните училишта. Според утврдениот план, од СОУ Св.Кирил и Методиј организираното поаѓање ќе биде од 09 и од 11 часот со по 2 обезбедени автобуси за превоз, додека од ООУ Страшо Пинџур и Гоце Делчев ќе тргнат по еден автобус со ученици, исто така од 09 и 11 часот. Во акцијата со почеток од 09 часот ќе се вклучат и вработените во локалната самоуправа Неготино и претставници од други установи и институции кои делуваат на ова подрачје кои ќе садат дрвца на локацијата кај новоизграденото мултинаменско игралиште во населбата Саат-кула. Инаку, годинава, како и лани на територијата на Република Македонија се очекува да бидат засадени околу 5.000.000 садници на вкупна површина од 1.300 хектари.

Повеќе...
 
ИСПРАВКА НА ОБЈАВА 03/2014 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Неготино PDF Печати
Во Објавата за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Неготино, објавена во дневните весници „Утрински весник“ и „Нова Македонија“од 12.11.2014 година и во „Службен весник на Република Македонија“ бр.166/14 од 12.11.2014 година се вршат следните исправки:    

    Во делот „РОКОВИ“ делот „и истото ќе трае по 1 (еден) час за сите парцели од горенаведените Табеларни прегледи.“ се менува и истото гласи: „и истото ќе трае по 15 (петнаесет) минути за сите парцели од горенаведените Табеларни прегледи.“

    Во делот „ПОСТАПКА“ точка 15 се менува и истата гласи:

„По извршената уплата во утврдениот рок и доставувањето на целокупната документација за учество на јавното наддавање Градоначалникот на Општина Неготино склучува договор со најповолниот понудувач за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Македонија. Со договорот најповолниот понудувач (купувачот) се обврзува во рок од 30 дена од потпишувањето на истиот да го достави кај нотар заради солемнизација и во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот да обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект за градежни парцели до 5000 м2 и во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот да обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект за градежни парцели над 5000 м2, согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено во рок не подолг од 10 години од денот кога одобрението за градење станало правосилно, во спротивно доколку купувачот не извади одобрение за градење во предвидениот рок, односно доколку објектот не се изгради во определениот рок по вина на купувачот и истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање за предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање за предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање за предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот. Неисполнување на овие обврски, односно по паѓање на купувачот, во задоцнување со исполнување на обврската три месеци последователно, претставува основ отуѓувачот, по три последователни месечни повици за извршување, како доверител со изјава за неисполнување на обврските од договорот да побара потврда за извршност на договорот, односно да побара наплата на договорената казна што претставува и основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната сума од отуѓувањето не му се враќаат на купувачот.“

Оваа објава ќе биде објавена и на WEB страната на општина Неготино, www.negotino.gov.mk

Бр.10-335/2
28.11.2014 година
                                                                                                          ОПШТИНА НЕГОТИНО
                                                                                                     Комисија за спроведување на
                                                                                                    постапките за јавно наддавање
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 5 од 12