Соопштенија
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати

                                                            О Б Ј А В А

    Се објавува дека сите заинтересирани превозници кои вршат јавен линиски превоз на патници на територијата на општина Неготино, можат да достават понуда до надлежниот орган при општина Неготино за  добивање на линии за вршење на општински линиски превоз на патници.
Право на доставување имаат сите правни и физички лица регистрирани за вршење на ваков вид на превоз.

Заинтересираните превозници треба да ги исполнуваат следните услови:

Повеќе...
 
Соопштение до јавноста PDF Печати
Соопштение до јавноста
Општина Неготино ја известува заинтересираната јавност дека е доставен Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина на Урбанистички план за село Криволак Општина Неготино со тех број 132-05/12 од 08-05-2012 год. Скопје која е достапна за увид од 06.07.2012 год. до 06.08.2012 година во просториите на општина Неготино, ул. “Ацо Аџи Илов“ бр 2 секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот.

По увидот, заитересираните граѓани невладини и други организации можат да ги достават своите забелешки и сугестии по однос на Студијата во писмена форма до одговорните лица за контакт во општина Неготино до 06.08.2012 година.

Во Општина Неготино може да го најдете Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина на Урбанистички план за село Криволак Општина Неготино со тех број 132-05/12 од 08-05-2012 год. Скопје

На 24.07.2012 година ќе се одржи јавна расправа по Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина во просториите на Општина Неготино во 13 часот.

Контакт лице:
Лилјана Нечева
Oпштина Неготино
Ул. "Ацо Аџи Илов " 2, 1440 Неготино
Tel. 043/361 045 Лок. 028                                                                                                                   
 
ЌЕ СЕ ПОСТАВУВА ХОРИЗОНТАЛНА И ВЕРТИКАЛНА СИГНАЛИЗАЦИЈА ВО НЕГОТИНО PDF Печати
   ЛОКАЛНА САМОУПРАВА НЕГОТИНО ГИ ИНФОРМИРА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНАТА ДЕКА СО ЦЕЛ ЗА ПОБЕЗБЕДНО ОДВИВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ,  ВО ДЕНОВИТЕ ОД 07 ДО 10 ОВОЈ МЕСЕЦ – САБОТА, НЕДЕЛА, ПОНЕДЕЛНИК, ВТОРНИК И СРЕДА, ВО НОЌНИТЕ ЧАСОВИ ВО ВРЕМЕТО ОД 23 ДО 05 ЧАСОТ НАУТРО, НА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ ВО ГРАДОТ ЌЕ СЕ ИЗВЕДУВААТ РАБОТИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ХОРИЗОНТАЛНА И ВЕРТИКАЛНА СИГНАЛИЗАЦИЈА. СО ОВАА АКТИВНОСТ ЌЕ БИДАТ ОПФАТЕНИ УЛИЦИТЕ – МАРШАЛ ТИТО, ПАРТИЗАНСКА, БОРИС КИДРИЧ, АЦО АЏИ ИЛОВ, ЈАНЕ САНДАНСКИ, ПЕКАРЕВ, СТАВРЕ СТАВРЕВ И ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ ДАМЕ ГРУЕВ И ЛЕНИНОВА. ВО ПЕРИОДОТ НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ СООБРАЌАЈОТ ЌЕ БИДЕ РЕГУЛИРАН ОД СТРАНА НА ПРИПАДНИЦИ НА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА НЕГОТИНО. ОД ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА АПЕЛИРААТ ДО ГРАЃАНИТЕ ВО ДЕНОВИТЕ НА ИЗВЕДУВАЊЕТО НА РАБОТИТЕ ДА ГО СВЕДАТ НА МИНИМУМ ДВИЖЕЊЕТО СО МОТОРНИ ВОЗИЛА, ОДНОСНО СОПСТВЕНИЦИТЕ НАВРЕМЕНО ДА ГИ ОТСТРАНАТ ВОЗИЛАТА ОД УЛИЦИТЕ, КАКО БИ МОЖЕЛО РАБОТИТЕ ДА СЕ ОДВИВААТ НЕПРЕЧЕНО.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Нацрт-Детален Урбанистички план за една парцела кп 8118/1-16 КО Неготино Неготино во Општина Неготино дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање  на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

 По Нацрт-Детален Урбанистички план за една парцела кп 8118/1-16 КО Неготино Неготино во Општина Неготино   тех број 25/2012 од јуни 2012 год.   изработен  од  ,,ИНТЕР ИНВЕСТ ИНГ,,   доо Скопје, е утврден од Советот на Општина Неготино на    седница одржана на 29-06 -2012   год.

Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 5 работни  дена од 06 - 07-2012 до   11-07 -2012 год.  секој работен ден од 08 до 16 часот.

Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 11-07-2012  год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Нацрт- Урбанистички план за село Војшанци опфат 1 во Општина Неготино дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање  на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

 По Нацрт- Урбанистички план за село Војшанци опфат 1 во Општина Неготино   тех број 09/11 од фебруари 2012 год.   изработен  од  Снегер Компани дооел Охрид е утврден од Советот на Општина Неготино на    седница одржана на 29-06 -2012   год.

Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Месната заедница Војшанци во с. Војшанци Општина Неготино, 15 работни  дена од 05-07-2012 до 25-07-2012 год.  секој работен ден од 08до 16 часот.

 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 12-07-2012  год.во  просториите на месната заедница на село Војшанци во 13 часот.  
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Нацрт-Детален Урбанистички план за една парцела кп 9533 КО Неготино Неготино во Општина Неготино дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање  на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

По Нацрт-Детален Урбанистички план за една парцела кп 9533 КО Неготино Неготино во Општина Неготино   тех број 17/2012 од април 2012 год.   изработен  од  ,,ИНТЕР ИНВЕСТ ИНГ,,   доо Скопје.
Нацрт- Детален Урбанистички план за една парцела кп 9533 КО Неготино Неготино во Општина Неготино со  тех број 17/2012 од април 2012 год.   изработен  од  ,,ИНТЕР ИНВЕСТ ИНГ,,   доо Скопје   е утврден од Советот на Општина Неготино на    седница одржана на 29-06 -2012   год.

Нацртот на планот со графичкиот прилог ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 5 работни  дена од 05-07-2012 до 11-07-2012 год.  секој работен ден од 08 до 16 часот.

Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 11-07-2012  год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.  
 
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ВОЛОНТИРАЊЕ ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати
Општина Неготино , врз основа на Програмата за волонтирање за 2012 , има потреба од ангажирање на волонтери во Општина Неготино, поради што објавува :


                                        ЈАВЕН ПОВИК
за аплицирање на кандидати за волонтирање во Општина Неготино

Се повикуваат сите заинтересирани кандидати - дипломирани економисти , дипломирани правници, дипломирани градежни инженери, дипломирани на јавна администрација  и  кандидати со  завршено средно образование да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Општина Неготино и тоа :
Повеќе...
 
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЧИСТЕЊЕ НА РЕЧНИ КОРИТА PDF Печати
Согласно Одлуката  на  Владата  на Република Македонија  за отстапување  на дизел гориво  Еуродизел  БС  од стоковите резерви  на Општина Неготино  бр.51-7393/1 од 28 декември 2011  година  и Акциониот план за чистење  на речни корита  во Република Македонија  за 2012 година,  Општина Неготино објавува

                                                              Ј А В Е Н      П О В И К
1. Предмет  на јавниот повик е: ангажирање на градежна механизација за  чистење на речни корита согласно Одлуката  на Владата  на Република Македонија  за отстапување  на дизел гориво  Еуродизел  БС  од стоковите резерви  на Општина Неготино  бр.51-7393/1 од 28 декември 2011  година    и Акциониот  план за чистење  на речни корита  во Република Македонија за 2012 година.
2. Право на учество во јавниот повик: се повикуваат сите заинтересирани  правни лица кои  поседуваат градежна механизација и имаат интерес да се  вклучат   во Акцијата за чистење на  речни корита  да  поднесат барање со листа на расположиви градежни машини и транспортни возила со краен рок на достава на ден 22.06.2012 (петок) во архивата на Општина Неготино.
Поднесените барања ќе ги разгледа Комисија во состав :
1.Зоран Лазов
2.Александар Јованов
3.Ѓоке Темелков
Со правните  лица ќе биде склучен  Договор за нивно ангажирање
 
ЈАВЕН ПОВИК PDF Печати
Градоначалникот на општина Неготино на ден 04.04.2012 година го објави следниот

                                                             ЈАВЕН ПОВИК

Врз основа на Условите и критериумите за доделување на финансиски средства за подршка на активностите на здруженија од општина Неготино, кои Советот на општина Неготино ги усвои на  седницата одржана на ден 03.04.2012 година, ги повикуваме  заинтересираните здруженија од општина Неготино да поднесат барање за добивање на финансиски средства од Буџетот на општина Неготино за подршка на своите активности во 2012 година.

Со барањата за добивање на финансиска помош да достават:

a) тековна состојба не постара од 6 месеци
б) решение за регистрација или пререгистрација
в) извештај за реализирани активности и проекти во претходната  година (овој услов не се однесува за ново регистрирани здруженија на граѓани)  
г) годишна програма за работа со финансиска конструкција, во која ќе биде назначен делот за  кој се бара поддршката од општина Неготино.
д) здруженијата од општина Неготино кои имаат добиено финансиски средства од Буџетот на општина Неготино во текот на изминатата година  се должни да достават финансиски извештај поткрепен со соодветна документација за потрошените средства, најкасно до 30 март во тековната година.

При разгледување на барањата, Советот на општина Неготино ќе се раководи согласно следните утврдени критериуми:

1.    Финансиски средства за едно здружение ќе се одобруваат врз основа на доставена годишна програма за работа максимум  до 50.000,00 денари.

2.    Повисока сума може да биде доделена на здружение доколку здружението или член/ членови  на здружението реализира активности во странство, за што е потребно да се достави доказ ( патен билет, транспортни трошоци, котизација за учество и сл.)

3.    Програмските активности што ќе ги реализира здружението да се од интерес на граѓаните на општина Неготино.

Барањата  со потребната документација  да бидат доставени најкасно до 10.04.2012 (вторник) до 16:00 часот во архивата на општина Неготино  лично или по пошта на следнава адреса:
Општина Неготино
ул,,Ацо Аџи Илов,,бр.2
со назнака- јавен повик за здруженија од општина Неготино
 
ЈАВЕН ПОВИК PDF Печати
Градоначалникот на општина Неготино на ден 07.03.2012 година го објави следниот


                                                              ЈАВЕН ПОВИК

1.    Општина Неготино во согласност со Програмата за активности во областа на социјалната заштита за 2012 година донесена од Советот на општината ќе отпочне со спроведување на проект за функционирање на игрални за деца од предучилишна возраст во рурални средини преку вработување на 6 лица на определено време.

2.    Се известуваат сите лица кои што се заинтересирани за учество во спроведувањето на горенаведениот проект и ги исполнуваат доленаведените критериуми најдоцна до 13.03.2012 година (вторник) да достават пријава за заинтересираност со биографија (CV) до општина Неготино заедно со бараните документи како доказ за исполнување на критериумите.

3.    За да можат да достават пријава за заинтересираност потребно е секое лице да ги исполнува следните критериуми:
–    Да е државјанин на Република Македонија;
–    Да има завршено VI или VII степен на образование, Педагошки факултет - предучилишна или одделенска насока;

4.    Избор на пријавените лица ќе го спроведи комисија во рамките на општината.

                                                                                                                                                ОПШТИНА НЕГОТИНО
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати

 СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА ОД ОПШТИНА НЕГОТИНО ДЕКА ПОРАДИ ПОТРЕБАТА ОД ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ДАНОК НА ИМОТ И КОМУНАЛНИ ТАКСИ, ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ДАНОЦИ И ТАКСИ ПРИ ОПШТИНА НЕГОТИНО ГО ПРОДОЛЖИ РАБОТНОТО ВРЕМЕ СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД 8 ДО 20 ЧАСОТ, А ВО САБОТА И НЕДЕЛА ОД 8 ДО 14 ЧАСОТ. ВО ОВОЈ ПЕРИОД СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ МОЖАТ ДА ИЗВРШАТ ПРОВЕРКА НА СВОИТЕ ФИНАНСИСКИ КАРТИЧКИ СО ЦЕЛ ДА НЕ ДОЈДЕ ДО БЛОКИРАЊЕ НА СМЕТКИТЕ И ПОКРАЈ ЕВЕНТУАЛНО НАВРЕМЕ ПОДМИРЕНИТЕ ОБВРСКИ.

 ОПШТИНА НЕГОТИНО

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 9 од 12