Информации корона вирус
Огромна благодарност до компанијата „Јованов груп“ од Неготино за донацијата PDF Print
There are no translations available.

   Донираа брашно и масло за готвење во вредност од 35.000 денари. Средствата ќе бидат донирани каде што е најпотребно, на најралнивата категорија на граѓани! Им се заблагодарувам на сите компании, но и поединци кои ја потврдија својата општествена одговорност, односно донираа и се заедно со нас во овие тешки мигови. Заедно, сплотени ќе успееме да се избориме со овој предизвик!

#ОстаниДома
#ЗаштитиСе

Read more...
 
Денеска четврто дезинфицирање на влезовите на сите згради во Неготино PDF Print
There are no translations available.

    Граѓаните да се чувствуваат безбедни и спокојни! Седите дома, почитувајте ги препораките, не се групирајте повеќе лица, држите растојание. Општина Неготино е тука за своите граѓани

Read more...
 
Затворени сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми како и викенд населби PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино ги информира сите граѓани дека од денес 16 април ( четврток ) од 16:00 часот до 05:00 часот во вторник 21 април 2020 година се забранува движење и групирање , односно затворени се сите паркови, излетнички места, места за рекреација во паркови и шуми како и викенд населби, согласно одлуката донесена од страна на Владата. Забраната е донесена на предлог на Главниот координативен штаб и истата повлекува затворање на овие локации, а од страна на МВР ќе бидат вршени интензивни контроли на овие места.

 
ВАЖНО СООПШТЕНИЕ PDF Print
There are no translations available.

 Кооординативно тело на општина Неготино за справување со Коронавирус  ги известува сите земјоделци на територијата на општина Неготино кои што вршат ДОПОЛНИТЕЛНА  ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ да се пријават  денес (четврток) во периодот од 16.00 до 21.00 часот со доставување на потребни податоци по телефон до координативното тело на општина Неготино.
Истовремено информираме тие кои што веќе се евидентирани минатиот викенд може само да потврдат дека  движење за вршење на земјоделска дејност ќе им биде потребно и во текот на престојниот  продолжен полициски час .

Потребните податоци за лицето кое ПРВ ПАТ  се пријавува за движење во текот на престојниот  продолжен полициски час заради вршење на земјоделска активност се:
1.име и презиме
2.матичен број
3.адреса на живеење
4.место каде ќе се извршуваат земјоделските активности
5.контакт телефон
Сите евидентирани лица ќе може да ги извршуваат потребните земјоделски дејности  во периодот од 07.00-19.00 часот во деновите(петок , сабота, недела и понеделник)
Добиените податоци ќе бидат доставени до ОВР-Полициска станица Неготино заради контрола на движење на граѓаните за време на полицискиот час.Граѓаните со себе да понесат и документ за идентификација(лична карта).
Напомена:Пријавувањето е дозволено само за полнолетни  лица, не постари од 67 години!!!
Пријавувањето може да го направите на следниве контакт телефони:
078 484 970
078822292
070 370 555

 
„ Бутик Смајли “ Неготино со донација од 30 000 денари PDF Print
There are no translations available.

  И фирмата „ Бутик Смајли “ Неготино се вклучи во акцијата и се одзва на повикот на општина Неготино за доделување на помош со цел за справување со ширењето на Корона вирусот во општина Неготино. Имено, оваа компанија донираше 30.000 денари, средства кои општина Неготино ќе ги искористи за набавка на прехранбени производи и средства за лична хигиена кои подоцна ќе бидат распределени онаму каде е најпотребно. Воедно упатуваме огромна благодарност за оваа донација.
 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Page 4 of 13