Информации корона вирус
Трет координативен состанок за доследно почитување на мерките за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот во општина Неготино PDF Печати
Денес во општина Неготино градоначалникот Тони Делков заедно со претставници на ОВР Неготино, претставници од Советот на општина Неготино, претставници од општинската администрација и ЈП „ Комуналец “ Неготино одржа трет координативен состанок за преземање на активности во општина Неготино за заштита од Корона вирусот во периодот што следи.
Во рамки на препораките од Министерството за здравство и мерките од Владата за заштита и превенција од корона вирусот се донесоа следните заклучоци:
•    Градскиот пазар во Неготино ќе остане затворен се додека траат мерките и препораките од страна на Министерството за здравство и Владата, а се во насока на заштита на населението и спречување на ширењето на КОВИД 19;
•    ЈП „ Комуналец“ Неготино два пати во неделата ќе врши дезинфекција на сите улици во град Неготино но и населените места;
•    ЈП „ Комуналец “ Неготино редовно врши и ќе врши дотур на дезинфициенси на двата пункта за дезинфекција на возилата кои се поставени на влезот и излезот на градот ;
•    Детските паркови, игралишта, Спомен костурницата во градот се затвораат за користење за сите посетители;
•    Обезбедените заштитни маски утре ќе се делат на граѓаните од општината на градскиот плоштад во Неготино;
•    Се продолжува со распределувањето на обезбедените донации                   ( пакети ) од страна на општествено одговорни фирми и поединци од општината за ранливите категории на граѓани од населените места но и градот;
•    ОВР Неготино континуирано ќе продолжи да врши контрола на сите лица кои се во задолжителна самоизолација како и домашна самоизолација ;
•    ОВР Неготино ќе врши почеста обиколка на градот и населените места во општината и воедно упатуваат апел до сите граѓани дека сите отстапувања од препораките ќе се сметаат за непочитување односно граѓаните ќе бидат соодветно санкционирани;
•    Општина Неготино ќе им стои на располагање на сите фирми , маркети, станбени згради од општината кои ќе сакаат да им се направи дезинфекција;
ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ. ОД НАС ЗАВИСИ !
Повеќе...
 
ПРЕВЕНТИВНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ПРОСТОРИИТЕ ВО ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА PDF Печати
   Согласно  препораките и мерките на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија , денес  волонтерите од општина Неготино извршија дезинфекција на сите работни простории во општинската зграда.
За потсетување , во текот на претходните денови беше извршена дезинфекција на сите улици во град Неготино, населените места како и дезинфекција на сите станбени згради во општината.
Уште еднаш упатуваме апел до граѓаните да не ги напуштаат своите домови без потреба и да ги следат препораките од Министерството за здравство, бидејќи само така ќе го спречиме ширењето на овој вирус во нашата општина.

Повеќе...
 
„Ветеринарна станица“ донираше универзално високоактивно средство за дезинфекција PDF Печати

Општествена одговорност покажа и „Ветеринарна станица“ од Неготино која за полесно справување со корона вирусот на територијата на нашата општина донираше универзално високоактивно средство за дезинфекција „Екоцид“. Општина Неготино упатува јавна благодарност за донацијата и ја информира пошироката јавност дека ова средство за дезинфекција на располагање ќе им биде ставено и на други установи во градот, ќе им биде доделено и на повеќе компании, а воедно ќе се користи и за дезинфекција на колективните станбени објекти за домување.

 

ПЗУ Аптека Неготино - Донација на средства за дезинфецкија, дезинфикациони гелови за раце, заштини маски и ракавици

Дисан Хилс ДООЕЛ Неготино - Донација од 150 заштитни маски

 

 

 
Маркети „Дијана“ со донација за полесно справување со корона вирусот PDF Печати

   И компанијата „Дијана“ од Неготино која располага со синџир маркети на повеќе локации покажа општествена одговорност и со донација одговори на апелот на општина Неготино за вклучување во напорите за полесно справување со корона вирусот. Имено, маркети „Дијана“ донираа хигиенски средства, средства за дезинфекција на домовите и прехранбени артикли кои ќе им бидат поделени на ранливите групи граѓани од нашата општина. Локалната самоуправа упатува јавна благодарност за овој хуман гест и ги поттикнува и останатите фирми кои се во можност преку донации да се вклучат во битката против вирусот Ковид 19.

Повеќе...
 
Волонтерите од општина Неготино и денес повторно беа на терен и донираа пакетчиња со средства за лична хигиена но и прехранбени продукти PDF Печати

    Волонтерите од општина Неготино и денес повторно беа на терен и донираа пакетчиња со средства за лична хигиена но и прехранбени продукти. Беа доделени пакетчиња за ранливите категории од населените места Курија, Црвени Брегови и Тремник. Пакетчињата беа обезбедени односно донирани од приватните компании, но и поединци од нашата општина.

#ОстаниДома

 

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 7 од 13