Информации корона вирус
ВОЛОНТЕРИТЕ ОД ОПШТИНА НЕГОТИНО И ДЕНЕС СЕ НА ТЕРЕН PDF Печати
   И покрај врнежите од снег и ладното време, волонтерите од општина Неготино меѓу кои и советниците од Советот на општина Неготино во текот на целиот ден се на терен.
По доставените пакети со средства за лична хигиена кои општина Неготино ги обезбеди и ги донираше за раливите категории на граѓани од населеното место Војшанци, тимовите денес се на терен и донираа пакети за социјално загрозените семејства од населеното место Пепелиште. Волонтерите и во следните денови ќе бидат на терен и хуманитарна помош ќе доделат и на загрозените семејства од населеното место Криволак.
Секојдневно екипи на ЈП „ Комуналец “ Неготино и граѓани – волонтери од општина Неготино се пунктовите на двата влеза во градот каде вршат дезинфекција на возилата кои влегуваат и транзитираат низ градот.
Уште еднаш упатуваме апел до сите компании од општината но и граѓани кои сакаат да помогнат во овие моменти за ранливите групи граѓани од нашата општина,  да донираат хуманитарна помош ( средства за лична хигиена, прехранбени производи и слично ), а донациите може да ги достават во Големата салата на Советот на општина Неготино .
Повеќе...
 
Општина Неготино упатува огромна благодарност до Синдикатот на ТЕЦ „ Неготино “ кои за потребите на ЈП „ Комуналец “ Неготино донираа заштитни маски, а дополнително ќе донираат и средства за дезинфекција во висина од 30.000 денари PDF Печати

  Општина Неготино упатува огромна благодарност до Синдикатот на ТЕЦ „ Неготино “ кои за потребите на ЈП „ Комуналец “ Неготино донираа заштитни маски, а дополнително ќе донираат и средства за дезинфекција во висина од 30.000 денари. Воедно, синдикатот обезбеди и донираше заштитни маски и ракавици за ОВР Неготино, како и заштитни маски за вработените во ТППЕ (противпожарна единица)Неготино.

Голема благодарност упатуваме и до компанијата Интек Нова ДООЕЛ – Неготино која донираше заштитни маски – шлемови за потребите на волонтерите и ЈП „ Комуналец “ Неготино кои секојдневно се на терен.

Благодарност за поддршката и високото ниво на хуманост во овие моменти кога се соочуваме со епидемија предизвикана од Корона вирусот.

 

Повеќе...
 
Мирно во општина Неготино за време на полицискиот час од 21,00 до 06,00ч. PDF Печати

    Првата ноќ од воведувањето на полицискиот час и забраната за движење во периодот од 21,00 до 06,00 часот на територијата на општина Неготино помина мирно и без никакви нарушувања на укажувањата и рестрикциите за движење во споменатиот временски период. За почитувањето на препораките се грижеа припадници на Полициската станица Неготино кои за таа цел имаа поставено два пункта со патроли на влезовите и излезите во и од Неготино, како и полицајци кои патролираа по градот за времетраењето на полицискиот час. Се апелира до населението од општина Неготино за строго почитување на забраната за движење за време на полицискиот час, а за потенцијалните прекршители се предвидени ригорозни законски мерки.

 
АПЕЛ ДО ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И ДРУГИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА PDF Печати

Општина Неготино упатува апел  до приватниот сектор и сите општествено одговорни граѓани од нашата општина да се вклучат со помош во обезбедување на заштитни маски и заштитни ракавици кои се неопходни за волонтерите кои се на терен и кои вршат дезинфекција на цела општина .Исто така општина Неготино упатува апел за  донирање на  производи за лична хигиена кои ќе бидат наменети за ранливите категории на граѓани. Волонтери од општина  Неготино ќе ги достават производите до нивните домови.

Волонтерски тимови од општина Неготино и понатаму остануваат во пресрет на потребите на стари и изнемоштени лица.

 
АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати

Во врска со ново настанатата ситуација со Kорона вирусот во нашата држава , а со цел за заштита на граѓаните од општина Неготино, упатуваме апел до  граѓани-волонтери од нашата општина да се вклучат во акцијата за дезинфекција на сите возила кои влегуваат во нашиот град. Акцијата започна да се спроведува од 21.03.2020 година (сабота) на два пункта и ќе продолжи континурано и во следниот период. Режимот  и начинот на вршење на дезинфекција на возилата ќе се врши и ќе се прилагодува согласно потребите во следниот период.

Пријавување во понеделник од 08.00-16.00 часот на мобилен  076222323 кај лицето Јордан Коцев-општина Неготино .

Дополнително по Вашето пријавување ќе бидете известени за датум и распоред на дежурство.

Однапред Ви благодариме за помошта, која во овие моменти е од огромно значење за сите !!!

 
<< Почеток < Пред 11 12 13 Следно > Крај >>

Лист 11 од 13