За Општината
Општината Неготиное лоцирана во централниот дел од Република Македонија, во областа на средното По ва рдарје. Му припаѓа на Вар дарскиот регион, а како посебна природна средина му припаѓа на Тиквешковардарски регион. Го зафаќа источниот дел од Тиквешката Котлина, на двете страни од реката Вардар, а на југоисток граничи со Демир Капија. Граничи со општините: на север со општина Штип, на исток со Конче, на југ со Кавадарци, на запад со Росоман и на северозапад со Градско. Зафаќа површина од 414 км2 и во неа живеат 19.212 жители, во градот Неготино и во други 18 населени места, од кои 4 се целосно раселени. Општина Неготино се наоѓа на просечна надморска височина од 150 м. Територијата на општината Неготино, како дел од областа Тиквеш и Повардарје, е под влијание на медитеранската клима, која продира од југ, преку Демиркаписката Клисура, и на континенталната клима, која продира од север, преку Велешката Котлина.