ПРОМОВИРАНА КНИГАТА ,, АНТИГОНА – НЕГОТИНО ,, Печати

   Во присуство на голем број љубители на пишаниот збор, во кино –салата на Центарот за култура во нашиот град, се одржа промоција на книгата ,, Антигона – Неготино ,, од авторот Ангелина Маркус – професор по филозофија во пензија и позната по проучувањето на разни културни настани поврзани со Македонија. ,, Со многу внимание и љубов ги барав невидливите конци на македонските градови изврзани во јазол. Ја будиме свеста и сознанието за сите битки на славните Македонци, какви што се и денеска во Неготино и светот, го бараме минатото во сегашноста ,, - истакна во своето обраќање професорката Маркус.

  Благодарност до авторката за вложениот труд при издавањето на книгата искажа градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков, додека промоцијата на книгата ја изврши професорот по историја Блаже Лазовски. На промоцијата, а по распишаниот конкурс од страна на Локалната библиотека Страшо Пинџур во соработка со основните училишта Гоце Делчев и Страшо Пинџур на тема ,, Мојот град ,, беа прогласени најуспешните лични творби, а на нивните автори организаторот им додели пригодни награди.