Ликовна изложба во Музејот на град Неготино Печати

   Деновиве во изложбениот салон во општинската установа Музеј на град Неготино се одржа отварањето на слики од 24 интернационална ликовна колонија Кичево 2017 година. На изложбата беа поставени 30 ликовни дела од 21 врвни уметници од 14 земји и тоа : Северен Кипар, Индија, Иран, Египет, Турција. Словенија, Србија, Хрватска, Косово, Италија, Казахстан, Бугарија, Романија. Пред присутните се обрати в.д. директорот на музејот Драгица Чекоровска која кажа дека ваква концетрација на моќен ликовен белег е редок настан не само во регионот, туку и пошироко. Ова е еден од културолошките настани кои што се составен дел од програмата за работа на оваа општинска установа, а ќе ги има и натаму од различчна област како археологија, ликовна дејност, едукација секако во соработка со општинските установи, национални установи, образовни институции и сл. За ликовната колонија говореше Владимир Темков, магистар по ликовна дејност, со пребогато лично искуство во учествувањето и организирањето на ликовни колонии. За отворена изложбата ја прогласи претседателот на Совет на општина Неготино, Диме Витанов, кој ја нагласи добрата соработка на локалната самоуправа и општинската установа Музеј на град Неготино со желба таа и понатаму да продолжи со поголем интензитет.