Се одржаа „Детски семафор“ и „Сообраќајно техничка култура кај младите“ Печати

   Како секоја година, така и оваа, во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата од Неготино и со поддршка од локалната самоуправа и училиштата од општината, се одржаа сообраќајно воспитните манифестации „ Детски семафор “ и „Сообраќајно техничка култура на младите“. Натпреварот се одржа на 09.05 (среда) со почеток од 09:00 часот во ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино, на кои учествуваа двете основни училишта од општината ООУ,,Страшо Пинџур“ и ООУ„ Гоце Делчев“, подрачното ОУ„Гоце Делчев“ од с.Долни Дисан и СОУ„Св. Кирил и Методиј“ од Неготино. Учествуваа 18 ученици од основните училишта, и 6 ученици од средното училиште. Екипно најдобри резултати постигнаа учениците од ОУ„ Гоце Делчев“- с.Долни Дисан  кои се пласираа за учество на регионалниот натпревар кој ќе се одржи во Кавадарци.