Зголемен интерес за запишување првачиња во ООУ„Гоце Делчев“-Неготино Печати

   „За разлика од предходната учебна година, а врз основа на анализите направени од страна на стручните служби во училиштето, годинава очекуваме бројот на запишани првачиња да биде за најмалку 30 ученици повеќе во однос на лани“-истакнува директорот на оваа образовна установа Петар Мантев. Според него, лани во прво одделение се запишале 81 ученик, а оваа година се очекува бројот на запишани првачиња да се движи од 120 до 130. Тие, согласно програмата за работа на училиштето ќе бидат распоредени во 3 паралелки во централното и по 1 паралелка во подрачните училишта во Д.Дисан, Тимјаник и Тремник. Директорот Мантев потенцира дека со цел запознавање на идните првачиња со условите за настава, во соработка со градинката Фемо Кулаков организиран е прием на околу 60 потенцијални идни првачиња кои имаа можност да го разгледаат училиштето, да се запознаат со идните наставници и условите за одвивање на наставата, а досегашните ученици од прво и од трето одделение за нив подготвија и изведоа пригодна програма во знак на добредојде во училиштето. Колку за потстетување, запишувањето на првачињата започна на 1-ви мај и ќе трае до 31-ви овој месец, а сите потребни информации заинтересираните можат да ги добијат во просториите на училиштето.