И дечињата од 7-те игрални добија новогодишни пакетчиња Печати

   Секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ и претставници на локалната администрација остварија посети на 7-те игрални кои делуваат во 7 рурални средини во неготинска општина чие функционирање е финансирано од локалната самоуправа. Целта на посетата беше во пресрет на Новогодишните и Божикните празници на сите дечиња да им се поделат новогодишни пакетчиња, а за возврат дечињата од сите игрални подготвија и изведоа пригодна програма во која доминираа песнички и пораки за Новата 2019 година. Секретарот Златковиќ од негово име и од име на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков на сите дечиња им посака многу среќа и здравје во Новата година, а дечињата се заблагодарија на подароците и на убавите желби.